7 совети за меки и мазни усни кои ќе ви помогнат за време на ниските температури

Сподели

Ниските температури понекогаш можат многу негативно да влијаат на нашите усни, но не грижете се, постои начин на кој можете да го спречите нивното сушење. Погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви овозможат да ги одржувате вашите усни хидрирани и меки..

Реклама

rn

Направете едноставен пилинг за усни

rnВо мал сад сипете малку маслиново масло и во него додадете прстофат шеќер. Измешајте и нанесете на вашите усни. Со мали кружни движење масирајте ги вашите усни и потоа исплакнете. Овој третман за усните се препорачува да се прави 2 пати неделно.rn

Бидете внимателни со препаратите за чистење лице

rnОна што може да е добро за вашата кожа, може да ги суши вашите усни. Доколку препаратите кои ги употребувате за чистење на лицето содржат салицилна киселина или бензоил пероксид, намачкајте ги усните со балсам за усни пред миењето на лицето со цел да го избегнете негативниот ефект.rn

Постојано имајте балсам за усни со вас

rnИмајте по еден балсам за усни во секое ваше палто, торба како и на работната маса. Доколку ви е при рака и го гледате, ќе се потсетувате почесто да го употребувате.rn

Внимавајте што јадете

rnЗачинетата и солена храна може да ги исуши и иритира усните, затоа намалете со оваа исхрана или пак, намачкајте ги вашите усни со неутрален балсам пред секој оброк.rn

Заштитете ги усните

rnКога деновите се студени и ветровити, носете го вашиот шал врз устата. Студениот ветар го уништува заштитниот слој на усните и токму затоа ги прави поподложни на сушење.rn

Променете ги продуктите за убавина

rnПроменете ги вашите мат кармини со оние кои се со кремаста структура. Тие ќе ги одржуваат вашите усни хидирирани и ќе ве натераат да не ги лижете или грицкате.rn

Не заборавајте на заштитниот фактор

rnДа, вашите усни можат да изгорат дури и за време на зимата. И покрај тоа што повеќето балсами за усни кои имаат заштитен фактор не ја хидрираат кожата и не спречуваат таа да пука, со сигурност ќе ви помогнат да избегнете горење. А тоа е само уште еден клучен начин при одржување на вашите усни меки и мазни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Најново

Може ќе ве интересира