Кога станува збор за храната и пијалаците, треба внимателно да ги избираме, но и соодветно да ги чуваме, подготвуваме и консумираме. Како што се однесуваме со виното или со шише виски, така треба да се однесуваме и со кафето, особено ако се декларираме како негови љубители.rnrn
rnrnВил Корби е сопственик на познатото „Пакт Кафе“ од Лондон, кои секогаш на своите потрошувачи им сервираат свежо и вкусно кафе со различно потекло. „Пакт Кафе“ се занимава со набавка, обработка и достава на мелено кафе или на кафе-патрони за кафемат. Корби има 12-годишно искуство во оваа област и ги открива најчестите грешки кои се прават при нарачување, подготовка и консумирање на кафето.rn
1. Не се однесувате кон кафето како кон зеленчукот или лебот
rnКога купувате леб или зеленчук, секогаш го избирате најсвежото. Истото треба да го правите и со кафето. Според Корби, најдобар вкус добивате од свежо измелено кафе, кое било пржено пред еден или два дена. Затоа е подобро да го купите на мерење, наместо пакувано.rn
2. Го чувате со месеци
rnСо 250 грама мелено кафе можете да направите 15-20 дози. Доколку консумирате помалку, купувајте помали пакувања, за да можете да го имате најдобриот вкус цело време. Како што овошјето скапува, ферментира и менува вкус по некое време, истото се случува и со кафето. Отвореното пакување придонесува да се изгубат вкусот и аромата.rnrn
rn
3. Измелената смеса треба да биде конзистентна
rnБез разлика дали купувате цели или измелени зрна, важно е сувата смеса да биде конзистентна, а гранулите да се со слична големина. Премногу ситно измеленото кафе може да го направи вкусот погорчлив, додека премногу крупните парчиња го прават покисел. Ова важи и ако подготвувате филтер-кафе во машина или ако самите си варите турско.rn
4. Кратка и брза подготовка
rnИдеално време за подготовка на кафе во кафемат е околу четири минути. Тогаш топлината е идеална и се извлекува максималниот вкусот од зрната. Кафематите може да го подготват и за минута, но тогаш не го добивате тоа што треба.rn
5. Не го чистите кафематот или бокалот веднаш по употребата
rnВлагата и остатоците од искористеното кафе може да ѝ наштетат на вашата машина, да создадат идеална средина за развој на бактерии и мувла и да шират непријатен мирис. Свареното кафе префрлете го во друг сад и исчистете ја машината доколку не сакате мешање на вкусови со остатоците.rnrn
rn
6. Го чистите апаратот, но не целосно
rnГи отстранувате остатоците и/или филтер хартијата, но не плакнете со вода? Ова може да го забави процесот на подготовка, но и повторно да почувствувате вкус на заостанато кафе.rn
7. Додавање млеко и шеќер иако за тоа нема потреба
rnСпоред Корби, шеќерот и млекото се додаваат за да се прикрие лошиот вкус на кафето. Добро подготвеното и вкусно кафе воопшто не „бара“ да се додаде што било во него. Тој советува кога купувате ново кафе, да го пробате без никакви додатоци за да го почувствувате вистинскиот вкус, па дури потоа да заклучите дали има потреба од млеко или шеќер.rnrn
rn
8. Купувате инстант кафиња
rnСпоредено со меленото кафе или кафето во зрна, инстант кафето е многу поевтино, што ако се направи математиката, излегува дека е произведено од неквалитетни евтини зрна или од нивни остатоци. Со тоа, доведен во прашање е и квалитетот. Да, пијалакот сè уште има вкус на кафе, но прашање е колку од тоа потекнува од вистинско кафе што не ги изгубило својствата во текот на индустриската обработка.rn
9. Не знаете колкава количина кофеин пиете
rnМногу луѓе се во заблуда дека еспресото има повеќе кофеин од филтер-кафето (или слични компарации), но количината на кофеин зависи само од времето што е потребно за кафето да се подготви. Со подолго варење, се користи поголема количина кофеин од сувата смеса, па затоа ако имате потреба од поголема доза, изберете кафе што се прави подолго.rnrnЗабавувајте се и со овој тест со кафе кој ќе открие каква личност сте.