КАФЕ ПАУЗА

7 работи за кои се грижат жените за време на сексот

7 работи за кои се грижат жените за време на сексот

За жената да може да ужива во сексуалниот однос, треба да стекне доверба во вас. Ако вие не ги почитувате нејзините желби и потреби, тогаш таа нема да биде опуштена. Во продолжение прочитајте за што најмногу се грижи жената за време на сексот.rnrn7 работи за кои се грижат жените за време на сексотrn

1. Дали ѝ возвраќате во иста мера

rnТаа сака да доживее оргазам и не сака да ја извршува целата работа сама. Сексот треба да биде страсен и возбудлив исто како што е за вас. Не е фер вие да уживате, а таа да биде незадоволна. Треба да давате онолку колку што примате.rn

2. Дали ја правите да се чувствува убаво

rnТаа нема да има возбудлива ноќ ако чувствува дека треба да го вовлече стомакот, да го исклучи светлото и да се покрие. Вие треба да ѝ давате комплименти, да ја убедите дека ви се допаѓа тоа што го гледате и да направите да се чувствува убаво. Треба да кажувате само убави работи за нејзиното тело. Не треба да ги истакнувате нејзините недостатоци и тоа што сакате да го смени. Ако се чувствува ужасно додека има односи со вас, таа нема да го стори тоа повторно.rn

3. Дали ги почитувате нејзините граници

rnАко таа каже „не“, не треба да се обидувате да ја премислите или да ѝ наметнете чувство на вина за да го добиете тоа што го сакате. Вие треба да го почитувате нејзиниот избор и никогаш не треба да ѝ вршите притисок да направи нешто поради што ќе се чувствува непријатно. Или прифатете ја нејзината одлука или заминете. Тоа се вашите опции.rn

4. Дали одржувате добра хигиена

rnТаа веројатно не се грижи за големината на вашиот полов орган или за тоа дали имате стомачни мускули. Но, се грижи за тоа дали одржувате хигиена и дали мирисате убаво. Ако очекувате таа да биде мазна по целото тело, тогаш можете и вие да одвоите време барем да се истуширате.rn

5. Дали сте фокусирани на неа

rnАко гледате во телевизорот, во вашиот телефон или во ѕидот, вашата партнерка нема да биде среќна. Таа го сака вашето целосно внимание. Таа сака целосно да ѝ бидете посветени неа, а ако вие изгледате незаинтересирано, тогаш и таа ќе изгуби интерес.rn

6. Дали користите заштита

rnТаа не сака сексуално преносливи болести, непланирана бременост и изговори зошто не носите кондом. Таа сака да има безбеден секс, а не каков било секс. Нејзе нема да ѝ биде проблем да ве замоли да си заминете ако не користите заштита.rn

7. Дали ја користите за секс

rnАко веднаш по сексуалниот однос се облечете и си заминете, таа ќе претпостави дека поминувате време со неа само за да извлечете нешто од неа. Таа сака да се гушка, да разговара и да се чувствува вредно. Ако се грижите само за нејзиното тело, но не и за нејзините чувства, таа нема да сака ништо со вас.rnrnПрочитајте кои 16 знаци откриваат дека партнерот не вложува доволно труд.