КАФЕ ПАУЗА

16 знаци дека партнерот не вложува доволно труд

16 знаци дека партнерот не вложува доволно труд

Важно е да знаете дека не може секогаш двајцата да се вложувате еднакво во врската, а сето тоа зависи од ситуацијата низ којашто минувате. Сепак, ако постојат знаци што откриваат дека тој никогаш не се труди да балансира, можеби е време да ја преиспитате вашата врска. Еве како да откриете дали вашиот партнер не вложува доволно напори во врската.rnrn16 знаци дека партнерот не вложува доволно трудrn

1. Вие сте единствената што прашува за него и за неговиот живот

rnВие се интересирате за него, но тој не се интересира за вас.rn

2. Тој вели „те сакам“ само откако вие ќе го кажете тоа

rnИнаку, тој никогаш не го кажува тоа, ниту го покажува.rn

3. Престанал да се обидува да ве импресионира

rnНе ви дава комплименти, не флертува со вас и вложува минимални напори.rn

4. Имате средба само ако тоа одговара во неговиот распоред

rnТоа значи дека вие треба да го менувате вашиот распоред за да се вклопите во неговиот.rn

5. Вие секогаш избирате и предлагате средби

rnВие избирате каде ќе одите, а тој обично се жали на тоа цело време.rn

6. Не сака да се дружи со вашите пријатели и со вашето семејство

rnНе е ниту заинтересиран да изгради некаков однос со нив.rn

7. Тој е себичен за време на сексот

rnВе тера да ја завршите целата работа, додека вие ретко го добивате тоа што го заслужувате.rn

8. Не се грижи за својот изглед

rnДури и ако прославувате посебна пригода, тој не вложува напори.rn

9. Понекогаш се однесува грубо кон вашите пријатели

rnМожеби ќе забележите дека тој се однесува поинаку во споредба со тоа како се однесува кон вас кога сте сами. По некое време, може да почне да почне да се однесува грубо и кон вас.rn

10. Никогаш не ви пишува прв

rnТој остава вие да го продолжите разговорот.rn

11. Не се сеќава на значајните датуми

rnТој не се сеќава на настаните како што се родендени или годишнини, а можеби нема ни да ви подари подарок.rn

12. Не ја плаќа секогаш сметката

rnОбично очекува вие да бидете првата што ќе се фати за паричникот.rn

13. Очекува од вас сами да направите сè

rnНаместо да ви помогне во домашните обврски, тој очекува вие да ја завршите целата работа.rn

14. Не споделува многу работи со вас

rnБез разлика дали станува збор за простор во плакарот, за храната или за некои информации, тој ги задржува за себе. Секогаш сè е одвоено помеѓу вас двајцата.rn

15. Постојано „заборава“ да ви каже нешто

rnТоа би можело да биде за забавата на која ќе оди, за пријател за кој никогаш не сте слушнале или за расправијата што ја имал со неговиот шеф.rn

16. Не покажува интерес за напредок на врската

rnРетко споменува дека сака да живеете заедно или да стапите во брак и никогаш не забележувате знаци дека ќе останете заедно уште долго време.rnrnПрочитајте кои 10 постапки откриваат дека партнерот се грижи за вас.