Пандемијата на коронавирусот го парализира светот, а борбата со заедничкиот непријател продолжува. Здравствената криза влијае и врз психата на луѓето, а сите знаеме колку е важно менталното здравје. Но, во овој турбулентен период треба да сфатите кои се придобивките од самоизолазијата, а тие ќе ви помогнат во иднина полесно да се снајдете во тешките животни ситуации.rnrn
rn
1. Психолошка отпорност
rnАко некој минатата година ви кажеше што ве чека во 2020 година, сигурно немаше да верувате во тоа. Но сега, кога веројатно сте ја отпишале оваа година, можете да кажете дека животот во неизвесност и страв ве научи дека всушност можете да преживеете сè и да станете посилни.rnrnСо помош на лошите животни искуства, ги зајакнувате психата и отпорноста на телото и стекнувате нови механизми за справување со тешки ситуации.rnrnОвој период треба да ви биде потсетник дека имате доволно сила да постигнете чувство на контрола врз стресните ситуации во иднина.rn
2. Важноста на менталното здравје
rnЗа време на пандемијата, многу луѓе беа вознемирени или депресивни. Но, оваа тешка состојба нè научи дека понекогаш не можеме сами да се справиме со стресот и со депресијата, туку треба да се побараме експерт кој ќе нè врати во нормала. Научивме дека е важно да зборуваме за нашите грижи и проблеми, да разговараме со семејството и со пријателите затоа што разговорот е навистина важен за менталното здравје.rnrnЗа да ги избегнете психичките последици што може да следуваат по пандемија, веднаш започнете да работите на себе и бидете си поддршка едни на други.rn
3. Чувство на заедништво
rnВо последниве неколку месеци најмногу се зборува за поддршката и за чувството на заедница. Поради пропишаните мерки за физичко растојание, луѓето ја зголемуваат блискоста.rnrnВо психологијата, овој феномен се нарекува кохезија на групата пред надворешниот непријател. Кога се соочуваме со закана што доаѓа однадвор, чувството на заедништво и припадност кон групата расте затоа што ги вложуваме сите сили во постигнувањето на една заедничка цел: спречување на ширењето на вирусот.rn
4. Лична одговорност
rnНе би го постигнале сето ова ако не преземевме лична одговорност за да се заштитиме себеси и другите. Пандемијата може да биде потсетник дека одговорното однесување на поединците е многу важно. Треба да ја задржиме свеста и да ја применуваме во иднина и во други ситуации што ни ги носи животот, со цел да ги промениме работите на подобро.rn
5. Грижа за себе
rnВо овој неизвесен период научивме многу работи за себе, што претходно не сме ги забележувале. Посветивме повеќе време на нашите мисли, емоции и животни вредности. Научивме што е важно, развивме стратегии за справување и се адаптиравме на новонастанатата ситуација.rnrnПрочитајте како да се навикнете на животот по изолацијата и на новите промени.