КАФЕ ПАУЗА

5 знаци дека всушност вие сте токсичниот пријател

5 знаци дека всушност вие сте токсичниот пријател

Written by

in

,

Ако некогаш сте имале токсичен пријател, тогаш знаете колку тешко и напорно може да биде тоа. Тие можат да бидат различен вид – од т.н. енергетски вампири до нарциси и социопати. Но, секој вид токсични луѓе создава товар што понекогаш е претежок.rnrn5 знаци дека всушност вие сте токсичниот пријателrnrnА што ако проблемот не е другата личност туку самите вие? Понекогаш токсичноста е суптилна. Покрај тоа може да биде и заразна, па доколку сте се дружеле со вакви луѓе ништо чудно и вие несвесно да сте го прифатиле нивното однесување.rnrnМожеби сте забележале дека пријателите се оддалечуваат од вас и не ви се јавуваат за да ве викнат за дружење. Без разлика што се случува, важно е да разгледате дали ќе препознаете барем еден од знаците дека вие сте токсичниот пријател за да можете да направите промена.rn

1. Секогаш разговарате само за себе

rnЗа што разговарате кога сте со пријателите? Ги знаете ли плановите на пријателите или сакате да зборувате само за вашите работи и никогаш не ги прашувате како се? Себичноста е една од најсуптилните форми на токсичност за забележување кај нас бидејќи за луѓето е природно прво да се грижат за себе. Сепак, ако можете да зборувате само за себе и никогаш да не покажувате заинтересираност за животот на пријателите, можеби вие сте токсичниот пријател.rn

2. Ги користите пријателите за исполнување на вашите желби

rnДали ги користите пријателите само за да ги искусите нештата што ги сакате и притоа да не бидете сами? Дали ги каните пријателите само кога имаат нешто што сакате или кога ви е здодевно, без воопшто да ги прашате каде тие сакаат да одат и што сакаат да прават? Ако се препознавте, вие ги користите вашите пријатели за да се чувствувате подобро бидејќи имате ниска самодоверба. Сè што правите е обид да го додадете делчето на сложувалката што мислите дека недостасува. Но, тоа делче никогаш нема да го пронајдете бидејќи не недостасува. Потребно е да ја сфатите вашата вредност пред да ги избркате луѓето кои се овде да ве поддржат.rn

3. Секогаш разговарате за проблеми

rnПостојано разговарате за проблеми – вашите, на пријателите или на светот. Вие имате навистина негативно влијание. Ако мислите дека го правите ова, добро погледнете го вашиот живот и она за коешто настојувате да разговарате. Откријте дали треба да ја средите вашата перспектива и што ги предизвикува овие мислења кај вас.rn

4. Ги обесхрабрувате кога зборуваат за нивните соништа и цели

rnМногу луѓе се чувствуваат обесхрабрено и победено од животот, а тоа е сосема нормално. Животот е тежок и потребна е вистинска храброст да се соочите со сите предизвици. Но често кога се случува ова, почнуваме да ги презираме сите коишто ги следат нивните соништа бидејќи ние сме се откажале од нашите. Понекогаш можно е дури и вербално да ги саботирате вашите пријатели. Ако го правите ова, вие сте навистина лош пријател. Потребно е да ја најдете вашата страст за животот, а потоа да ги мотивирате и пријателите да го направат истото.rn

5. Им се јавувате само кога имате проблем и сакате да се искажете

rnДали стапувате во контакт со пријателите само кога ќе се појави проблем? Размислете, овој пријател остава сè само за да ве утеши, а вие сигурно нема ни да го побарате наредниот ден. Време е да ги промените вашите приоритети.rnrnПогледнете и кои се знаците кои покажуваат дека вашето пријателство за жал завршува.