Сите сакаат сигурност и удобност. Луѓето уживаат кога знаат дека не треба да се грижат. Ова често не е поврзано со самодовербата, туку со карактеристиките на личноста. Секогаш треба да постои баланс помеѓу ризикот и играњето на сигурно. Често слушаме за луѓе кои се коцкале и изгубиле или за компании кои презеле ризични инвестиции и потоа банкротирале.rnrnНо сигурните играчи никогаш не се спомнуваат. Луѓето кои не преземаат ризици се фокусираат на сигурноста и удобноста. Тоа можеби звучи како паметен начин да се живее животот, но постои едно нешто кое го забораваат. Луѓето кои не преземаат ризици бавно умираат.rnrnКога играњето на сигурно ве води во опасност? Еве 4 ситуации кои ќе ве натераат да размислите за вашиот живот и начинот на кој живеете.rn
1. Претерано заштитување на вашите деца
rn
rnrnДали вашите родители ве чувале премногу кога сте биле деца? Повеќето луѓе не го забележуваат тоа, но родителите ги обликуваат своите деца и имаат значително влијание во нивното однесување и карактер. Децата се секогаш љубопитни и таа љубопитност може да ги повреди.rnrnПроблемот е кога родителите се плашат дека децата лошо ќе се повредат и почнуваат да претеруваат со чувањето и грижата. Тие забораваат дека малите мораат да научат дека има последици од секоја акција што ја преземаат. А преголемата грижа ги учи дека најдобро е да не прават ништо и да останат на безбедно. Секогаш треба да постои баланс. Треба да ги чувате вашите деца, но исто така треба да им дозволите и да го искусат светот.rn
2. Внимателен почеток на љубовна врска
rn
rnrnКога се во нова врска, во која работите се одвиваат добро, повеќето луѓе се обидуваат да избегнат конфликти од самиот почеток. Тие се обидуваат да остават подобар впечаток и некогаш ги премолчуваат своите проблеми и нештата кои не ги сакаат.rnrnАко одлучиме да играме на сигурно и да премолчиме, малите нешта кои не ни се допаѓаат во врската со текот на времето ќе стануваат сѐ поголеми. Во еден момент кога сте лути, сѐ може да премине во поголем проблем поради тоа што не сте го решиле со време. За да го спречите ова, треба од старт да работате на проблемите и да разговарате со вашите партнери. Кога луѓето се во врска тие треба да се адаптираат на своите партнери и секогаш да бидат подготвени за компромис.rn
3. Недостаток од спортски адреналин
rn
rnrnДали некогаш сте посакале да искусите некој од најопасните екстремни спортови, но никогаш не сте го направиле тоа? Сте замислиле дека скокате од авион и треперите од адреналин, но се завршува каде што почнало, во вашата глава. Желбата за возбуда останува закопана во огромниот страв. Многу е полесно да останете дома и да гледате телевизија. Никој не сака да биде повреден или да умре практикувајќи екстремен спорт.rnrnНо, сигурните играчи премногу се грижат за своето здравје. Тие ги избегнуваат спортовите со поголем ризик иако ги сакаат и секогаш наоѓаат различни изговори додека истовремено забораваат дека дури и екстремните спортови се безбедни за рекреативците кои ги практикуваат. Замислете ги професионалните спортисти. Никој од нив немаше да е таму каде што е сега ако се откажеше после првата повреда. Тие нема да беа најдобри ако не се соочеа со првите порази и повреди.rn
4. Не стоите цврсто зад себе на работното место
rn
rnrnЗамислете дека имате одлична идеја која ќе го подобри вашиот бизнис, но постои мала шанса дека ќе пропадне. Или дека нема да му се допадне на вашиот претпоставен, па решавате да не ја споделите со никој. Малку подоцна некој друг свесен за ситуацијата излегува со истата идеја и веднаш ја претставува пред менаџерот. И идејата е вистински успех. Вашиот храбар колега добива унапредување и признание, а вие останувате да жалите за пропуштената шанса. Ова се случува почесто отколку што мислите.rnrnДобро е да сте сигурен играч на работното место, но тоа исто така може и да ве уназадува. Сигурните играчи често испуштаат одлични прилики поради малиот ризик кој постои. Ако имате идеја, не плашете се да ја претставите и не откажувајте се. Дури и ако не успее, секако ќе научите нешто од тоа, а вашиот шеф ќе знае дека вие сте личност која е спремна да преземе иницијатива. На крајот од денот, богатите луѓе не би биле тоа што се ако не учеле од своите грешки.