Фејсбук ја достигна бројката од 800 милиони корисници. Засега компанијата не излегува со официјални статистики за бројот на дневно објавени статуси, но едно истражување направено врз 2.000 Британци открива дека во просек секој корисник на Фејсбук објавува по еден статус дневно, со просечна должина од 2 реда.
Според ова истражување, на социјалната мрежа се објавуваат 292 милијарди статуси годишно, кои доколку би ги испечатиле на хартија, би направиле значителна штета на шумските предели на планетата.rnrnПа така, според претпоставката дека еден лист хартија, А4 формат има 51 ред доколку на него се пишува со големина на фонт 11, потребни ќе бидат 11,5 милијарди листови за да се испечатат сите статуси кои годишно се пишуваат на Фејсбук. Таа бројка на листови е еднаква на 500 милиони испечатени речници на англиски јазик, објавени од Оксфорд.rnrnУчесниците во ова истражување во просек поминувале по 32 минути на Фејсбук, читајќи што објавиле нивните пријатели. Па така, доколку би се претпоставило дека во просек една страна А4 формат се чита за 3 минути, за да ги прочитате сите статуси кои се објавени на Фејсбук за една година, ќе ви бидат потребни 573 милиони часови. За исто време еден авион може да ја заобиколи земјата 8,5 милиони пати.
Секако, оваа проценка може да е неточна. Можеби станува збор за уште повеќе статуси, но Фејсбук барем засега не излегува со официјални бројки за просекот на објави.rnrnОвие бројки се направени врз база на користењето на Фејсбук во Велика Британија, па така не може точно да се тврди како се однесуваат корисниците во другите земји. Официјалните бројки објавени од страна на најпопуларната мрежа на светот, велат дека дневно се прикачуваат околу 250 милиони фотографии и дека секојдневно се најавуваат барем 50% од корисниците.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
