Дали некогаш сте се вљубиле во безнадежен романтичар? Во оние прекрасни и чувствителни идеалисти кои веруваат дека љубовта е најголемата сила? Доколку одговоривте потврдно, веројатно знаете дека е вистински предизвик да се биде во љубовна врска со нив. Сигурно сте забележале дека не е воопшто лесно да им се угоди и да им се исполнат сите барања. Понекогаш знае да биде дури и напорно, но дефинитивно вреди! Ова се 10-те работи што мора да ги знаете пред да тргнете на љубовна авантура со безнадежен романтичар…rnrn
rn
1. Обожаваат мали гестови
rnСтанува збор за какви било ситници. Слатки пораки, изненадна прегратка, рачно напишана порака, цвеќиња и други слични мали работи. Направете нешто посебно за нив, непланирано, и нема да зажалите. Не мора да го правите тоа постојано, но сигурно сакате да ја гледате таа неодолива насмевка на вашата сакана личност што е можно почесто.rn
2. Бидете внимателни со изненадувањата
rnНе е важно дали изненадувањето било добро затоа што било екстравагантно, затоа што сте вложиле многу труд или интересно сте го обмислиле. Тие имаат навистина бујна фантазија и ако им кажете дека им подготвувате изненадување, којзнае што ќе си замислат. Поради тоа, бидете подготвени! Токму од истата причина, не очајувајте доколку го погодат изненадувањето однапред, само бидете среќни поради нив.rn
3. Знаат да се занесат
rnКога нешто планираат, немојте да се чудите што даваат сѐ од себе. Очекувајте рачно изработени подароци, љубовни писма, специјално подготвени вечери и еден куп други потсетници на тоа колку сте неверојатни и сакани.rn
4. Ќе ве опсипуваат со романтика како да не постои никој друг на светот
rnТие даваат сѐ од себе, сѐ додека тоа им е возвратено. Тие уживаат во тоа да приредуваат романтични изненадувања исто толку колку што обожаваат некој ним да им приредува романтични вечери. Понекогаш врската со нив изгледа како да се работи за љубовен роман. Уживајте во неа!rn
5. Тие сакаат креативни љубовни состаноци исто колку што ги сакаат и класичните
rnТие немаат ништо против класичното кафе, пијачка, вечера и кино, но понекогаш сакаат да прават нешто невообичаено како што е пејнтбол или стрелаштво. Најважно е да се забавувате заедно, така што немојте да се двоумите да пробувате нови работи.rnrn
rn
6. Доколку не ги изненадувате со романтични гестови одвреме-навреме, знаат да станат потиштени
rnЗа да се одржува романсата во врската, мора да биде двонасочна. Ако еден од партнерите вложува повеќе од другиот, може да се појави чувство на запоставеност. А верувајте, не сакате да се соочите со незадоволство на безнадежен романтичар!rn
7. Имаат многу фантазии што сакаат да ги доживеат
rnНе се изненадувајте ако ви предложат нешто необично како на пример да танцувате на поројниот дожд или во ресторан да нарачате една чинија шпагети за да можете да ја делите. Некои од нивните идеи можеби ќе ви се чинат невозможни, но ним ќе им биде доволно само ако се обидете да ги претворите во реалност.rn
8. Тие знаат дека романтиката е најдобриот дел од секој филм
rnПостојано ќе се смешкаат на љубовните сцени во романтичните комедии и во кои било други филмови, па дури и хорор. Тие ја бараат романсата насекаде. Токму тоа се случува кога ќе му дозволите на срцето да ве води.rn
9. Ако почувствуваат дека романсата во врската згаснала, знаат да станат многу креативни
rnБезнадежните романтичари знаат како да ја пренесат филмската магија во нивниот вистински живот. Подготвени се да направат чуда само за да не ја изгубат романтиката во врската.rn
10. Добро грижете се за нивното срце, тие се многу чувствителни
rnБезнадежните романтичари љубат со ширум отворено срце. Бидете внимателни со него. Дури и да ве сакаат најмногу на светот, ќе ве остават ако мораат. А сигурно не сакате да го испуштите тој прекрасен, будалест романтичар кој ќе ви го направи животот поубав и посебен.