Денес пилулите за контрацепција не се користат само за заштита од несакана бременост, туку и за регулирање на некои хормонални проблеми. Се разбира, секогаш треба да бидат препишани од лекар. Но, што се случува ако ги пиете овие пилули со години без прекин?rnrn
rnrnЕдна девојка користела пилули за контрацепција цели 10 години без пауза, од својата 15-та година. Изјавила дека никогаш не ѝ пречеле. Како тинејџерка имала навистина болни и обилни менструации, па овие пилули ѝ помагале да се справи со тоа. Во меѓувреме решила да престане со нив, и еве што се случило.rn
1. Кожата ѝ изгледала подобро
rnДевојката немала некои сериозни проблеми со кожата, но секогаш имала мозолчиња на вратот, а понекогаш и на лицето и на деколтето. По прекинувањето на пилулите сите мозолчиња исчезнале и не се појавиле нови.rn
2. Променливо расположение
rnДве недели по прекинот, девојката изјавила дека плачела дури и на реклами за храна за мачки. Била навистина емотивна и претходно, но сега тоа било повеќе изразено.rn
3. Сепак, се чувствувала подобро
rnИ покрај плачењето, таа забележала дека целокупното расположение значително ѝ се подобрило. Откако прекинала со апчињата го забележувала своето расположение и речиси секогаш била среќна.rn
4. Чувство на слобода
rnДевојката се чувствувала навистина слободно бидејќи не морала секоја вечер да мисли на апчињата. Се ослободила од голем товар сега кога не зависи од нив.rn
5. Обилна менструација
rnПрвата менструација по прекинот на апчињата ѝ била навистина обилна. Имала силни болки кои не ги издржувала без апчиња против болка, како и главоболки. За среќа, нејзината менструација се вратила во нормала по 2 дена.rn
6. Намалено чувство на глад
rnНападите на глад во текот на ноќта значително се намалиле. Претходно девојката имала навика постојано да грицка нешто додека гледа телевизија, а многупати и готвела навечер. По прекинот на апчињата, оваа желба за храна како да исчезнала.rn
7. Подобра форма
rnМожеби причината е тоа што повеќе не јадела навечер, но девојката почнала да се чувствува навистина свежо и одморено наутро.rn
Што потоа?
rnБидејќи откако прекинала со пилулите се чувствувала навистина подобро, одлучила некое време да не ги пие. По 10 години мислела дека ќе има навистина значајни промени, но промените не биле толку големи. Ѝ се допаѓало чувството што не мора секој ден да пие апчиња и сега се разбира, ќе проба некој друг метод за контрацепција. Сепак, секоја жена е различна и може да почувствува други промени ако прекине со пилулите за контрацепција.rnrnПогледнете ги и другите промени кои можат да настанат ако прекинете со пиење апчиња за контрацепција.
