Повеќето зачини се свежи кратко време, но постојат трикови што ќе ви помогнат да ги користите многу подолго. Постои разлика помеѓу начинот на одржување на тврдите и на меките зачини.
Свежите зачини им даваат богата ароми и вкус на вашите јадења, но нивниот екстремно краток животен век често ги мами и најискусните готвачи, па се сушат уште пред да ги искористите.
Но, не е исто со сите зачини. Тврдите зачини (со дрвени дршки), како мајчина душица и рузмарин, се чуваат поинаку од меките зачини, како магдонос, нане или босилек.
Меките зачини треба да се стават исправени во чаша исполнета со 2,5 см вода веднаш по купувањето и да се чуваат во фрижидер.
Тврдите зачини ќе траат многу подолго ако ги завиткате во влажна кујнска хартија и ги чувате во кеса.
Друг трик е да ги исечкате зачините на мали парчиња и да ги замрзнете во калап за коцки мраз. Кога готвите, само ставете коцка мраз со зачини во садот. Ако не сакате храната да стане многу водникава, може да ги замрзнете зачините и во стопен путер или во маслиново масло.
Ако сакате зелената салата да остане зелена и крцкава подолго, треба да ја чувате во тегла што може херметички да се затвори и да ја ставите во фрижидер.
Прочитајте како најдобро да ги искористите зачините што ги имате дома.

