КАФЕ ПАУЗА

Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!

rn

Што кажува бојата на вашата аура?

rn

Виолетова

rnВиолетовата е боја од спектарот која најдобро е ускладена со психичката, чувствената и духовната рамнотежа, што денес владее на нашата планета. Виолетовите имаат не само можност, туку и способност да направат нешто значајно со своите животи, битно да влијаат на нашата заедничка иднина.rnrnКлучот кој на виолетовите им ја отвора вратата со потенцијалите е спознавањето дека се визионери на идниот свет, кои во она што ќе го посеат денес може да видат што ќе жнеат утре.rnrnТие треба да ја сфатат целта на своето постоење и своите способности да ги претворат во дело. Треба да утврдат кои општествени промени позитивно ќе влијаат на иднината и потоа да работат на нив.rnrnВо физичката стварност не ги интересираат практичните детали, не ги интересира како нешто функционира, важно да функционира.rnrnТие се критички мислители и поседуваат способност за генерализирање, проценување и разработка на креативни идеи.rnrnТие имаат длабоки чувства и полни се со страст. Можат да делуваат ладно, резервирано и препотентно, но со тоа само ја штитат својата најранлива страна – чувствата.rnrnВо меѓусебните односи се склони кон дистанцирање, резервирање и по малку ладно држење.rnrnЗа виолетовите најтешка работа е да одлучат да живеат без чувство на вина. Тоа чувство произлегува од самокритичноста која им наложува да прават сѐ подобро, побрзо и веднаш. Тоа им создава толку грижа на совест, самопрезир и самообвинувања што буквално ги парализира. Тајната е во тоа да се фокусираат јасно на визијата на иднината, па шансите дека таа ќе биде блескава, ќе им ги намалат моменталните грешки и незгоди.rnrn