rn
Што кажува бојата на вашата аура?
rn
Прекрасен окер
rnБистри, љубопитни и сакаат луѓе. Се работи за љубов кон човештвото повеќе одошто љубов кон една личност. Сакаат природа и излети на отворено. Физичката активност им помага да го напуштат мисловниот свет за да бидат со луѓе. Нивниот начин на размислување е случаен. Секогаш доцнат и тешко одлучуваат што да направат. Многу се ранливи. Што се постари, сѐ повеќе се внимателни и сѐ помалку им веруваат на другите.rnrnУживаат во забави, друштвени собири и вечери – во секоја прилика за дружење. Идеална комбинација се со црвените, лошо се согласуваат со портокаловите, а со менталниот и со прекрасниот окер склопуваат длабоки и трајни пријателства. Два прекрасни окери живеат во облаци. Најдобро се снаоѓаат во самостојна работа. Сакаат на другите да им го дадат она што тие самите најмногу го сакаат.rnrnОва е уште една двобојна аура во спектарот на личноста. Основата на оваа боја има црвеникава рамка, па црвеното додава компонента на безгранична љубов.rnrnТие знаат да се држат настрана и да ги набљудуваат луѓето објективно, без да изразуваат критички забелешки, па затоа многу добро можат да послужат во улога на посредници во комуникација.rnrnПрекрасните окери ги сфаќаат промените во однесувањето во сите области на човековото делување – во законодавството, образованието, администрацијата, економијата и светската трговија. Тие имаат вродена моќ за перцепција и знаат објективно да ја применат.rnrnТие се воглавно објективни набљудувачи на животот, за разлика од пожртвуваните окери кои се набљудувачи-учесници.rnrnЗа нив е предизвик да научат да ја насочуваат својата енергија и способност, да не се расфрлаат на сите страни. Луѓето со ваква аура се во состојба одеднаш да ги видат сите делови, општата шема на елементи. Ако го насочат вниманието на разни страни постануваат збунети, преоптоварени и несигурни.rnrn
