КАФЕ ПАУЗА

Малку поинаков одмор

Малку поинаков одмор

Времето за одмор е драгоцено. Затоа заборавете на многубројните туристички замки и поминете го одморот на места кои никогаш не би ви текнало да ги посетите…rnrnМалку поинаков одморrn

Хималаите, Тибет и Непал

rnПатувањето во Непал и Тибет може да биде напорно заради надморската височина, невообичаената храна и лошиот пат. Но ова патување истовремено ќе ви понуди древна култура и спектакуларен пејзаж, кои се загрозени од страна на политичките конфликти и немилосрдниот притисок на модерното време.rnrnРутата води преку високи планински премини и длабоки клисури, од античкиот град Ласа во Тибет до базниот камп на Монт Еверест и понатаму до Катманду, Непал. По патот може да се посетат палати, манастири и храмови, вклучувајќи го и комплексот што некогаш беше дом на Далај Лама.rnrnМалку поинаков одморrn

Костарика

rnАко имате вишок енергија и сте зависник од адреналин, Костарика нуди места за активности кои го зголемуваат адреналинот, како што е возењето велосипед по стрмни и тесни патеки, спуштање со јаже преку река или рафтинг длабоко во џунглите. Доколку ви здодеат ваквите активности, може да се релаксирате на песочните плажи покрај бистрата вода на Карибите.rnrnМалку поинаков одморrn

Големите Атласи, Мароко

rnВозењето велосипед по сувите речни корита и патеките од чакал е вистински предизвик за љубителите на велосипедизмот. Патеката поминува низ планините познати како Големи Атласи и Анти Атлас. Пејзажот е разновиден, од древни берберски села до бујни оази.rnrnОстрите планини и длабоките клисури ќе го направат искачувањето долго и тешко, а симнувањето брзо и лесно. Доколку сакате оваа авантура да ја доживеете за осум дена, ќе треба да поминувате во просек по 28 милји дневно.rnrnМалку поинаков одморrn

Килиманџаро, Танзанија

rnАфриканската планина Килиманџаро е висока 5.895 метри со што претставува највисока планина на континентот. И покрај оваа висина, Килиманџаро нуди спектакуларен поглед и од места кои се не само пониски, туку и полесни за искачување.rnrnДоколку тргнете кон врвот рано наутро, веќе во попладневните часови ќе успеете да го освоите. Ова е така затоа што, за разлика од Алпите и Хималаите, Килиманџаро е опкружен со рамно земјиште што овозможува и прекрасен поглед.rnrnМалку поинаков одморrn

Кикладите, Грција

rnКикладите се одлична дестинација за одмор за сите кои уживаат во пливањето. Местоположбата на овие острови ќе ви овозможи да пливате од еден до друг остров покрај чамците за безбедност. Поискусните пливачи може да ги истражуваат подводните карпи и камените плажи, додека оние кои го преферираат копното може да ги истражуваат древните села.rnrnМалку поинаков одморrn

Западна Словенија

rnИдеално место за одмор за страсните риболовци е западниот дел на Словенија. Кристалните реки и потоци кои се создаваат со топење на снегот од Алпите, се дом на различни видови риби, како што се Дунавскиот лосос, кафеавата и мермерната пастрмка. Ако се одлучите за западна Словенија, задолжително посетете го градот Медводе (чие име значи „меѓу водите“), кој се наоѓа меѓу реките Сава и Сора.rnrnМалку поинаков одморrn

Патагонија, Аргентина

rnПатагонија се смета за едно од идеално студените дестинации кои нудат природна убавина, див свет и бескраен простор. Турата започнува со едно урбано искуство – возење велосипед или пешачење од Буенос Аирес. Јужно од Буенос Аирес е предвидена посета на Националниот парк. Патагонија изобилува со мраз, глечери, борови шуми, тревни рамнини и див свет за кој е специфична патагониската лама.rnrnМалку поинаков одморrn

Монголија

rnВеќе илјадници години коњите имаат централно значење за културата на номадски народи во Монголија. Со помош на монголското пони може да ја посетите татковината на древното племе Tsaatan, каде што ќе искусите шамански ритуали, јавање и молзење ирваси и спиење во шатори.rnrnИсклучок за туристите има само во однос на седлата за јавање. Секој посетител има право да одбере руско фино изработено седло од кожа, наместо традиционалното дрвено седло.rnrnМалку поинаков одморrn

Антарктик

rnБританскиот истражувач Сер Ернест Шеклтон и двајца членови на неговиот екипаж влегоа во историјата во 1916 година, кога го преминале Антарктикот и стигнале до Јужна Грузија, барајќи помош за спасување на 22 членови од Транс-антарктичката експедиција, кои биле целосно беспомошни кога нивниот брод бил уништен од санта мраз.rnrnПочнувајќи од 2010 година, секоја година се реализира тура на Антарктикот, во вид на експедиција, составена од 12 ски-истражувачи кои го следат патот на Шеклтон, поминувајќи 20-километарски опасен, покриен со снег и стрмен терен.rnrnМалку поинаков одморrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.