rn
Што кажува бојата на вашата аура?
rn
Кристална
rnКристалните се родени исцелители. Тие ја користат енергијата за претворање на светлината во зраци кои лекуваат. Тие постануваат медиуми или водачи за сопроводување на исцелителска енергија. Во состојба се да ја зголемат својата лична физичка моќ до онаа точка на која доаѓа до прочистување на душата и умот за да може физичкото лекување да започне.rnrnЗа кристалните најголем предизвик е да научат како да излезат на крај со својата дарба за исцелување. За да не привлекуваат внимание на себе, тие постануваат камелеони во спектарот и ги впиваат другите бои за да се сокријат и заштитат. Така го замаглуваат своето енергетско поле и си наштетуваат на самите себе, додека истовремено ги збунуваат другите. За нив е предизвик да се запознаат себеси и своите посебни таленти, така за да не мораат да се кријат зад својата емотивна маска.rnrnФизичката околина ја доживуваат како нешто грубо, непријателско и ладно. Тие се бистри, брзи и интелектуално живи. Многу читаат и сакаат телевизија, кино и театар. Кога се во прашање чувствата, тие ги впиваат и одржуваат чувствата на другите бои пропорционално на бројот на луѓето со кои стапуваат во контакт. На пример, деловите од кристалната аура ќе станат црвени ако се дружат со луѓе со црвена аура. Но, нив им е многу тешко да се дружат со луѓе. Тие се многу срамежливи и им недостасува самодоверба. Во односите со другите: црвените ги загрозуваат кристалите, портокаловите се нивна тотална спротивност, сините се разликуваат од нив во сѐ, виолетовите со нив чинат идеална комбинација. Изворот на својата сила ја наоѓаат во способноста да се повлечат во себе, тајноста и привидната дистанцираност.rnrnКога станува збор за парите, тие се многу внимателни. Нив им одговара секоја професија која им овозможува самостојна работа. Духовноста за нив значи мирен живот.rnrnСѐ што е грдо, валкано и непривлечно во нив предизвикува физичка болка. Физички се чувствителни на бучава и разни видови загадување. Опседнати се со чистота, но бидејќи не патат од сентименталност, чуваат само по некоја работа што нешто им значи. Одбираат книги кои ги инспирираат, поминуваат многу време размислувајќи за своите верувања, медитирајќи и молејќи се за детали од својот живот.rnrnКристалите делуваат многу нежно и кревко, па другите приземјени бои сакаат да ги присвојат. Нив им недостасува инстинкт за соодветно социјално однесување, па тоа го учат од надворешни извори како филмовите, телевизијата, книгите и другите луѓе. Тие често почнуваат реченица со „треба да“ и „морам да“.rnrnИм одговара секоја работа која има врска со лекување, одлични се како духовни советници, учители и водачи на верски обреди. Нивната физичка кревкост и чувствена ранливост спречува многу кристали отворено да ги искажат своите интереси и таленти.rnrn
