Чинар Енгин е посебно бебе од Турција кое „решило“ да им се заблагодари на своите родители за неговото раѓање, на еден сосема необичен начин. Кога Чинар дошол на овој свет, тој со себе донел и белег во облик на срце на неговото чело.rnrn
rn
„Откако медицинската сестра му ја исчисти крвта од неговата глава, јас бев првиот што го видов белегот“, вели Мурат Енгин, татко на бебето. „Бев навистина изненаден. Кога дојдов поблиску до неговата глава сфатив дека тоа е прекрасно срце. Тешко ми беше да ги задржам солзите.“
rnМурат изјавил дека сестрите побрзале да се фотографираат со новороденчето и му го дале прекарот „љубовно бебе“. Чинар сега има 14 месеци, но тој и понатаму продолжува да привлекува внимание.rnrn
rn
„Кога се шетаме, сите луѓе ни се насмевнуваат и веднаш го засакуваат“. Се чини дека покрај сѐ, Купидон е реален!
rnТаткото Мурат вели дека ова бебе е како вистински подарок од Бог.rnrn