Постојат различни стилови на поврзување кои не влијаат само врз односот кон вашиот партнер во романтичната и сексуална врска, туку и на односот и емпатијата кон вашите блиски.rnrnСпоред Даниел Голман, американски психолог и еден од основачите на идејата за емоционалната интелигенција, постојат 3 видови луѓе: oние кои се сигурни во своите врски, оние кои избегнуваат врски и оние кои се несигурни во врските. Доколку сакате да дознаете како вие се поврзувате, решете го овој тест.rnrnПред да почнете имајте на ум дека не постојат точни и неточни одговори, само бидете искрени и одберете го одговорот кој вам најмногу ве опишува, а потоа побарајте го решението.rnrn
rn
1. Како би го опишале односот на вашите родители кон вас во детството?
rnа) Грижливи, внимателни и преполни со разбирањеrnrnб) Не обрнувале многу внимание на вашите емоционални потребиrnrnв) Тие (или барем еден од нив) се однесувале како двојна личност, еден момент ве навредувале, а веќе другиот ве прегрнувалеrn
2. Колку брзо склопувате нови познанства?
rnа) Вие сакате да запознавате нови пријатели и додека го правите тоа се чувствувате пријатноrnrnб) Многу сте внимателни и крути при склопувањето новите познанстваrnrnв) Сакате да се запознавате, но набрзо потоа секогаш ја преиспитувате вашата одлукаrn
3. Колку важност им придавате на емоциите?
rnа) Им придавате голема важност на емоциите, со благ акцент на разумотrnrnб) Емоциите знаат да ве измамат и затоа не треба да им се придава важностrnrnв) Емоциите се оние кои ве водат низ живототrn
4. Кога поминувате низ тешки ситуации, што очекувате од вашиот партнер и пријатели?
rnа) Да ви овозможат емоционална поддршка и да бидат достапни за васrnrnб) Да ве остават на мира и да ја почитуваат вашата приватност бидејќи во тие ситуации сакате да сте самиrnrnв) Да влезат во вашата кожа, целосно да се соживеат со вашиот проблем, да плачат заедно со вас и да ви даваат многу вниманиеrn
5. Доколку налетате на блиска личност во неволја, вие…
rnа) Без многу прашања брзо ќе ѝ помогнетеrnrnб) Прво добро ќе ја проверите ситуацијата бидејќи луѓето често знаат да бидат манипуланти и да искористуваат, а не сакате тоа да ви се случи вамrnrnв) Премногу сте вознемирени и ве исцрпува туѓата неволја, па токму затоа и ги избегнувате проблемитеrn
6. Што очекувате на емоционално ниво од партнерот во љубовната врска?
rnа) Да ви биде емоционално достапен и ваша поддршка, исто како и вие неговаrnrnб) Не верувате дека вашиот партнер ќе ви биде емоционално достапен, па затоа и воопшто не го очекувате тоа од негоrnrnв) Партнерот е целиот ваш свет и треба да ви биде емоционално достапен 24 часа во денотrn
7. Колкава слобода му давате на вашиот партнер?
rnа) Одмерена и по заеднички договорrnrnб) Целосна – слободата е пресудна за успешна врскаrnrnв) Слободата не е добра бидејќи на тој начин партнерот може да си отидеrn
8. Колку често сте љубоморни?
rnа) Одвреме-навреме, но тоа не ве прогонуваrnrnб) Што е тоа љубомора?rnrnв) Многу тешко ја контролирате вашата љубомораrnrn rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]rn
Најмногу одговори под А – Сигурни во своите врски
rnВие сте личност која во своето детство се чувствувала многу сакана, безбедна и сфатена, па токму затоа и сте сигурни во вашите врски. Вие ниту претерано се приближувате до вашиот партнер, ниту пак го/ја туркате многу од вас. Се сметате за личност за која вреди другите да се грижат, а останатите ги гледате како достапни и добронамерни личности на кои можете да се потпрете. Токму затоа нивните односи најчесто се блиски и полни со доверба.rn
Најмногу одговори под Б – Избегнувате блискост
rnДецата кои во детството имале родители кои ги занемарувале нивните емоционални потреби, растат во возрасни кои избегнуваат блискост. Силните емоции за вас се непријатни и често мислите дека не можете емоционално да се потпрете на другите луѓе. Вашата стратегија понекогаш и има добра основа, но вие слепо се држите за неа дури и кога таа е целосно неефикасна.rn
Најмногу одговори под В – Несигурни во своите врски
rnДецата чии родители непредвидливо скокале од лутина во нежност, стануваат тешки и несигурни личности. Тие се склони на мисли дека нивниот партнер не ги сака вистински и понекогаш тој страв може да ја избрка оваа личност од нивниот живот. Вие се гледате како некој/а кој/а не е вреден/на ниту за љубовта ниту за вниманието на другите и токму затоа постојано се плашите дека ќе бидете оставени. Слепото држење до ова однесување може само негативно да влијае врз вашите врски.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.