КАФЕ ПАУЗА

Колку брчки е сосема нормално да имате на 20, 30 и 40 години?

Отприлика до 25-тата година трае растот и развојот на жените, па потоа почнува стареењето поради кое и можеме да ги забележиме првите брчки на лицето. Првите знаци на стареење можат да се влошат со одредени лоши навики, како што е на пример, пушењето, пиењето малку течности, изложувањето на стрес, недостатокот на кислород и слично. Подеднакво деструктивно влијаат и изложувањето на претопол, па на престуден воздух, што е чест случај во зимските месеци кога прво се грееме во затворен простор, а потоа излагаме надвор на ладно. Но што е всушност сосема нормално, а што е забрзано стареење кога станува збор за брчките на кожата во клучните 3 декади?rn

1. Кожата во 20-тите години

rn(1) kolku-brchki-e-sosema-normalno-da-imate-na-20-30-i-40-godini-www.kafepauza.mkrn

Што е вообичаено?

rnКожата треба да биде скоро без брчки. Ако на лицето се појавуваат изразени линии пред 30-тата година, тоа е дефинитивно знак за претерано изложување на сонце.rn

Како да го зачувате здравјето на кожата?

rnПијте многу вода и одвојувајте доволно време за спиење. Исто така користете заштитен фактор 30 секој ден. Ако имате навика да пушите, исфрлете ги цигарите од вашиот живот за да го спречите прераното стареење на кожата.rn

2. Кожата во 30-тите години

rn(2) kolku-brchki-e-sosema-normalno-da-imate-na-20-30-i-40-godini-www.kafepauza.mkrn

Што е вообичаено?

rnПо 30-тата година од животот, полека се појавуваат ситни брчки околу очите, како и на челото што е сосема нормално. Исто така можете да забележите и неколку издолжени линии меѓу веѓите.rn

Како да го зачувате здравјето на кожата?

rnЗаштитувајте ја кожата со заштитен фактор 30 во текот на целата година и не заборавајте да се мачкате со хидратантна крема во утринските и вечерните часови.rn

3. Кожата во 40-тите години

rn(3) kolku-brchki-e-sosema-normalno-da-imate-na-20-30-i-40-godini-www.kafepauza.mkrn

Што е вообичаено?

rnНа челото почнуваат да се обликуваат хоризонтални линии. Покрај нив, оние брчки што се појавиле претходната декада меѓу устата и образите дополнително се задлабочуваат, а подочниците стануваат поизразени.rn

Како да го зачувате здравјето на кожата?

rnКремата со ефект на ексфолијација и микродермоабразија може да ја подобри состојбата на кожата, како нејзиниот изглед (да ги заблажи трагите на стареење и влијанието на надрворешните фактори). Секако, употребата на заштитен фактор 30 е неопходен за секој ден!rnrnМожеби ќе ве интересираат и овие одлични природни масла што ги бришат брчките од вашето лице.