Ова е една од оние приказни што ќе ви покажат дека добрината уште постои во човештвото и дека понекогаш, извршувајќи ги секојдневните обврски, забораваме дека нашата фрустрација и лутина може да доведе до погрешни впечатоци. Ние мислиме дека целиот свет е против нас и воопшто не ги забележуваме малите добри дела што останатите ги прават за нас! Продолжете со читање…rnrn
rnrnОдамна, кога сладоледот чинел помалку, едно 10-годишно момче влегло во слаткарница и седнало на една од слободните маси. Набрзо дошла келнерка, му сипала вода во чашата пред него и го прашала што ќе порача.rnrn„Колку чини сладоледот со чоколаден прелив?“, возбудливо прашало момчето.rnrn„20 денари“, одговорила таа.rnrnМомчето извлекло ситни пари од неговиот џеб и почнало да пребројува колку има.rnrn„А колку би било без чоколадниот прелив?“, тивко прашало.rnrnВо тој момент влегле други луѓе и седнале карши момчето, мавтајќи со рацете кон келнерката за да побараат мени. Таа почнала да станува нетрпелива.rnrn„15 денари“, отсечно одмавнала со главата.rnrnМомчето уште еднаш ги пребројало парите. „Може да ми донесете од сладоледот без прелив“, насмеано рекло.rnrnКелнерката му го донела сладоледот, заедно со сметката и се оддалечила од него. Момчето завршило со јадењето, ги оставило парите на масата и си заминало. Кога келнерката се вратила кај масата, не можела да им поверува на своите очи! Детенцето оставило 15 денари за сладоледот и уште 5 денари плус, како нејзин бакшиш.
Поучна приказна: Сладолед без чоколаден прелив
