КАФЕ ПАУЗА

8 намирници што ги менуваат состојките во различни услови

8 намирници што ги менуваат состојките во различни услови

Сите мислат дека доматите се покорисни кога ги јадат свежи или кога прават салата со нив. Ова е вистина, но тие всушност се подобри за вашиот стомак кога се зготвени. Постојат и други видови намирници што може да ве изненадат со променливите состојки во зависност од начинот на подготвување. Во продолжение прочитајте кои намирници можат да станат покорисни со текот на времето, па дури и откако ќе ги испржите.rn

1. Банани

rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnАко имате дијабетес, подобро е да јадете банани кои се повеќе незрели отколку зрели. Кога зрее бананата, скробот почнува да се претвора во шеќер што треба да го контролирате ако имате дијабетес.rnrnОд друга страна, незрелите банани содржат отпорен скроб и поради тоа потешко се варат во организмот, па ќе имате чувство како да сте јаделе суров компир. Во овој случај, зрелите банани се подобри за јадење.rn

2. Печурки

rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnИако печурките може да го изгубат витаминот Б откако ќе се сварат, од нив ќе имате некои други големи придобивки откако ќе ги зготвите. Како прво, суровите печурки се како сунѓер и можат да апсорбираат токсини што можат да се уништат при готвењето.rnrnВторо, готвењето го зголемува бројот на антиоксиданти во печурките. Ако сакате да јадете печурки, препорачливо е да ги готвите на скара или во микробранова печка отколку да ги варите или да ги пржете. Во овој случај, тие имаат повеќе здравствени придобивки.rn

3. Домати

rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnСите сме навикнати да јадеме свежи домати. Доматите содржат витамин Ц, но експертите велат дека кога ќе се сварат, тие имаат многу поголемо ниво на ликопен и тој може да биде помоќен антиоксидант од витаминот Ц. Исто така, готвењето може да ги омекне влакната што ги содржат доматите, па тие стануваат полесни за варење во организмот.rn

4. Моркови

rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnМалку е изненадувачки, но морковите, кои се толку корисни благодарение на бета-каротенот, имаат поголемо ниво на хранливи материи кога се зготвени. Варењето може да создаде уште подостапен бета-каротен во морковот.rnrnПодобро е да го готвите морковот без да му ја отстраните кожата за да може тројно да се зголеми неговата антиоксидантна моќ. Но, сечкањето пред готвење не е баш добра идеја затоа што ја зголемува површината преку која се цедат храниливите материи. Подобро е да ги исечкате морковите по варењето.rn

5. Спанаќ

rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnСпанаќот е преполн со хранливи материи, но може да апсорбирате повеќе калциум и железо ако го јадете зготвен. Тоа се случува затоа што содржи оксална киселина, која ја спречува апсорпцијата на железо и на калциум. Додека го готвите спанаќот, овој елемент се распаѓа и од зготвениот спанаќ можете да имате повеќе здравствени придобивки.rn

6. Сирење

rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnСирењето е одличен извор на протеини, но секој вид може да има различни дополнителни придобивки. На пример, моцарелата има помалку натриум и помалку калории отколку повеќето други сирења. Исто така, содржи бактерии кои се како пробиотици, така што може да го подобри здравјето на дигестивниот и на имунолошкиот систем.rnrnСиното сирење содржи најмногу калциум од повеќето други сирења, но може да биде премногу солено за јадење.rn

7. Леб

rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnОткриено е дека тост-лебот има помал гликемиски индекс. Овој индекс има влијание врз нивото на шеќер во крвта, така што може да биде подобра опција за дијабетичарите.rnrnЛебот од квасец содржи поголемо ниво на антиоксиданти и фолати за разлика од другите видови леб. Исто така, има пониско ниво на фитати, така што му овозможува на вашето тело полесно да ги апсорбира хранливите материи.rn

8. Цвекло

rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnВо едно истражување биле испитани ефектите од пиењето 250 милилитри сок од цвекло секој ден, а во истражувањето биле вклучени 68 лица со висок крвен притисок. Истражувачите откриле дека сокот од цвекло значително го намалува крвниот притисок. Од друга страна, свареното цвекло може полесно да се вари во организмот бидејќи неговите тврди влакна се распаѓаат на ист начин како и кај варените компири.rnrnПрочитајте со кои здрави намирници не треба да претерувате.