КАФЕ ПАУЗА

4 средства за хигиена кои мажите секојдневно ги употребуваат, а можат да бидат штетни по здравјето

4 средства за хигиена кои мажите секојдневно ги употребуваат но можат да бидат штетни по здравјето

Средствата за хигиена се полни со најразлични состојки, кои само во еден продукт се над десет, а некои од нив можат да бидат опасни по здравјето. Мажите не користат многу средства за хигиена како што тоа е случај со жените, но и во она што го користат понекогаш може да се најде некоја од тие штетни состојки.rnrn4 средства за хигиена кои мажите секојдневно ги употребуваат но можат да бидат штетни по здравјетоrn

1. Парфем и колонска вода

rnРечиси сите видови колонска вода кои ги знаете во себе содржат синтетички хемиски супстанци наречени фталати кои штетно влијаат на спермата. Тие ја намалуваат количината и мобилноста на сперматозоидите. Затоа треба да се потрудите да најдете парфем или колонска вода која не содржи вакви супстанци.rn

2. Дезодоранс и антиперспирант

rnТие се полни со разни состојки како триклозан, BHT, алуминиумски соли, засилувачи на продирањето во кожата и вештачки мириси. Некои од нив можат да бидат опасни за вашето здравје. Иако во средствата за хигиена се наоѓаат во мали количини, некои од нив се поврзуваат со Алцхајмерова болест, рак на дојката, нарушување на хормоните, негативни ефекти на нервниот систем итн. Обидете се да користите нешто што е направено на природна база.rn

3. Крем за бричење

rnПовеќето кремови за бричење содржат триетаноламин, којшто се поврзува со ракот, потоа парабен, кој не се разградува туку се таложи во телото и исто така предизвикува рак, како и синтетички мириси кои, како што веќе рековме, лошо влијаат на сперматозоидите. Предолгото изложување на телото на сите овие хемикалии може да биде многу штетно.rn

4. Лосион за после бричење

rnПовеќето лосиони содржат алкохол кој го суши лицето наместо да му ја даде потребната влажност. Миењето на лицето со студена вода е добра алтернатива.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.