Кое искуство ве направи побогати, не финансиски, туку животно?
Би рекла целото патување.
Кога ќе се најдеш толку далеку од дома и ќе видиш колку различни начини на живот постојат, сфаќаш колку мала точка си во светот и колку многу места, култури и луѓе сè уште има да се запознаат. А во исто време сфаќаш дека едноставно немаш време да видиш сè.

Гледаш и луѓе кои материјално имаат многу малку, а се искрено среќни со тоа што го имаат. Таквите моменти дефинитивно ти ја менуваат перспективата и те потсетуваат повеќе да го цениш она што веќе го имаш.
Кој од вас беше задолжен за организацијата, а кој за авантурите?
За авантурите дефинитивно Боби. 😂

Летовите и поголемиот дел од организацијата ги правевме заедно, а за сместувањата најчесто бев задолжена јас, затоа што сум малку… специфична кога станува збор за тоа каде ќе престојуваме. 😂
Ако имате 48 часа повторно во Јужна Америка, каде би ги поминале?
Искрено, за само 48 часа не би летала повторно до Јужна Америка. 😂 После толкав лет, минимум уште 30 дена!
Има премногу работи што треба да се видат и доживеат за да се изберат само 48 часа.

Ако треба со една порака да ги мотивирате луѓето да ја посетат Јужна Америка, што би им порачале?
Не дозволувајте стравот од непознатото да ве спречи да видите дел од светот кој е толку различен од она на што сме навикнати.
Одете со отворен ум, пробајте ја храната, запознајте ги луѓето, прифатете ја авантурата и излезете од комфорната зона. Некогаш тоа ќе значи да стоите среде бескрајна солена пустина, некогаш да се спуштате со велосипед по патот на смртта (Death Road), а некогаш само да седнете во мал локален ресторан и да пробате нешто што никогаш претходно не сте го јаделе.
Јужна Америка не е само дестинација што ја посетувате – тоа е искуство што долго ќе го паметите.

Дали по ова патување веќе размислувате за следната авантура?
Сè уште немаме дефинирано каде ќе биде следната голема авантура, но едно е сигурно – нема долго да седиме мирни. 😂 Сигурно наскоро повторно ќе се оди некаде, само треба да одлучиме каде. ✈️
А доколку сакате да го доживеете патувањето заедно со нас, влоговите од Јужна Америка ги објавуваме на нашиот YouTube канал токму сега. 🎥✈️ Таму можете да ги погледнете сите авантури, места, храна и моменти од патувањето што е тешко да се пренесат само преку фотографии. Секој четврток во 19 часот ново видео!
Ако сакате да нè следите и да ги погледнете влоговите – кликнете ТУКА. ❤️







