9 начини како да се ослободите од отровните мисли

Сподели

Не дозволувајте отровните, тажни мисли да ве држат назад во животот. Ослободете се од непотребниот товар во главата, кој ви предизвикува грижи, а не носи ништо продуктивно. Препуштете се на природниот тек на нештата, опкружени со луѓето кои ве сакаат безусловно и верувајте во она што го правите.

Реклама

rn

1. Не грижете се што мислат другите

rnМоментот кога ќе дозволите туѓите мислења да влијаат на вашиот живот, е моментот кога сте се откажале од можноста да бидете автентични. Треба да имате контрола врз вашето изразување. Бидете личноста која вие сакате да ја видите во себе.rn

Реклама

2. Прифатете дека ќе има подобри од вас

rnШтом прифатите дека не секогаш ќе бидете најдобри во сѐ, ќе можете да го извадите најдоброто од себе.rn

3. Верувајте дека секогаш ќе биде доволно ако давате сѐ од себе

rnМожеби нема секогаш да сте најдобри, но можете да го давате најдоброто од себе. Секако, убаво е чувството кога макотрпно работите нешто кое ќе ви се исплати, но тоа нема секогаш да биде така. Мора да бидете спремни дека дури и макотрпната работа некогаш нема да биде доволна да ги постигнете саканите резултати, но убаво е чувството кога знаете дека сте направиле сѐ што можете.rn

4. Престанете вашиот успех да ѝ го препишувате на среќата

rnВашите достигнувања немаат ништо заедничко со среќата, туку се резултат на трудот и решителноста кои секојдневно ги вложувате во животот. Вие сте го заслужиле успехот, па бидете горди со тоа.rn

Реклама

5. Дозволете си пораз

rnЧесто на успехот и поразот гледаме како на две спротивни нешта, а всушност тие одат заедно. Поразот е на листата на потребни состојки за успех. Во ред е да изгубите, ако токму тој пораз биде катализатор за нови успеси и победи.rn

6. Бидете свесни дека позитивните афирмации ќе значат само ако верувате во нив

rnМожете да се гледате во огледалото и 100 пати да си искажете љубов, но доколку вистински не верувате во вашите зборови, тие нема да направат да се чувствувате подобро. Немојте само напразно да повторувате позитивни тврдења, туку верувајте во нив.rn

7. Оставете го животот да тече природно, а не според одреден временски распоред

rnЖивотот никогаш не се одвива онака како што сте планирале. Не е страшно ако сѐ уште не сте во брак на 30 години или ако првото дете го добиете на 35. Не мора сечиј живот да се одвива по линеарна линија, бидејќи кога ќе дозволите вашиот живот да тече слободно и без ограничувања, тогаш полесно ќе дишете.rn

8. Бидете нежни кон вашето тело

rnСѐ што внесувате во вашето тело директно влијае на тоа како се чувствувате, емоционално и физички, но тоа не значи дека треба да внимавате само на исхраната. На многумина не им се допаѓаат некои делови од нивните тела, и оттука сите имаме несигурности, но треба да се фокусираме на она што ни се допаѓа, без разлика дали се работи за физичка или духовна особина.rn

9. Поминувајте го времето со луѓе кои ве прават среќни

rnНе трошете ја вашата позитивна енергија на некој кој нема да ја цени. Кога станува збор за врски, платонски или романтични, вложените напори треба да бидат балансирани. Вие не можете цело време да се обидувате некого да направите среќен, ако тој за возврат не се обидува да внесе среќа во вашиот живот. Опкружете се со луѓе кои безусловно ве сакаат наместо со луѓе кои вашата љубов ја земаат здраво за готово.

Најново

Може ќе ве интересира