Кое место е „must visit“ според вас?
Тешко ми е да изберам само едно. Солената пустина Ујуни во Боливија, водопадите Игуасу во Аргентина, пустината Атакама во Чиле и Мачу Пикчу во Перу дефинитивно би ги ставила на листата.

Боливија е многу сиромашна земја, но природата, авантурите и искуствата што ги нуди се нешто што навистина вреди да се види.
Ако треба да изберете само едно искуство што секој треба да го искуси, кое би било тоа и зошто?
Боливија, поточно солената пустина Ујуни. Не знам каде на друго место можете да видите толкава бескрајна површина од сол, а среде неа островчиња со огромни кактуси, додека во далечината гледате вулкани.


Но, ако морам да изберам едно посебно искуство што навистина треба да се доживее, би рекла познатата Death Road тура со велосипеди, која дефинитивно беше една од најголемите авантури на патувањето. Беше страшно, адреналинско и неверојатно во исто време. 😂

Пејзажите изгледаат како да не се од оваа планета и тоа е нешто што фотографиите едноставно не можат целосно да го доловат.

По ова патување, дали Јужна Америка би ја препорачале за меден месец, семеен одмор или авантуристичко патување?
Дефинитивно за авантуристичко патување.
За семеен одмор со мали деца не би ми била прв избор, особено ако сакате да видите што повеќе. Дел од најубавите места се на голема надморска височина, има долги патувања, рано станување и денови кои знаат да бидат физички напорни. А имате и активности како турата со велосипеди кои се баш за оние што бараат малку повеќе адреналин и не се дозволени за деца.
За луѓе кои сакаат авантура, истражување и активно патување – Јужна Америка е совршена.
Дали има место што не успеавте да го посетите, а останува на вашата листа со желби?
Да, дефинитивно Патагонија. Тоа ни остана на листата бидејќи едноставно немавме доволно време.

Би се вратила и во Перу затоа што таму поминавме релативно кратко време, а храната, културата и турите беа неверојатни. Искрено, и после 30 дена сфативме дека Јужна Америка има уште премногу што сакаме да видиме.
Дали имавте момент кога си рековте: „Заради ова вредеше целото патување“?
Скоро секој ден. 😂
Буквално секое ново место носеше нов „WOW“ момент. Таман ќе помислевме дека нешто е најубавото што сме го виделе, следниот ден ќе доживеевме нешто сосема ново.

Ујуни, Death Road, Атакама, Игуасу и Мачу Пикчу се дефинитивно меѓу тие моменти кога си велиш: „Да, заради ова вредеше да дојдеме до другиот крај на светот.“
На следната страница: кој беше задолжен за авантурите и што би им порачала на сите што се плашат да патуваат →







