10 неверојатни звучни илузии

Сподели

Овие илузии ќе ве натераат да слушнете нешто што всушност не постои. За да го извлечете максимумот од илузиите се препорачува да ги слушате со стерео слушалки или стерео систем за озвучување. Звучниците од лаптоп не се погодни за повеќето од илузиите.

Реклама

rn

1. Илузија скала

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=rEtd4gs-rRQ

Оваа илузија е откриена од Дијана Доич и е одличен пример за групирање слични ноти од страна на мозокот. Се свират две дурски скали, едната од првиот, а другата од последниот тон. Нотите се менуваат од едно кон друго уво. На пример, десното уво ги слуша првите тонови од скалата, а левото останатите. Постојат неколку начини на кои луѓето ги слушаат овие звуци, а најчест е групирањето на високите и ниските тонови. Наместо да слушаат две скали, луѓето слушаат снижување и повишување на мелодијата во едното, и повишување па снижување на мелодијата во другото уво. Со други зборови, мозокот „преместува“ некои тонови од едно на друго уво со цел да направи кохерентна мелодија.rn

2. Мелодии фантоми

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=kqC8CL29bGU

Некои музички дела содржат повторувачки шеми кои се менуваат само суптилно. Ако се свират доволно брзо, мозокот ги лови промените и ги поврзува заедно за да создаде мелодија. Мелодијата исчезнува ако делото се свири бавно.rn

3. Повишувачки тонови

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=BzNzgsAE4F0

Овој парадокс е откриен од Жан Клод Рисет. Пар акорди звучат како да се движат нагоре на скалата, но почетниот пар на акордите е ист како и крајниот пар. Ако го свирите ова бескрајно, ќе биде невозможно да кажете каде е почетокот, а каде крајот.rn

4. Ѕвона што паѓаат

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=21qnUqqGu4s

Во овој случај ѕвоната звучат како да паѓаат. Додека паѓаат, изгледа како тоновите да стануваат пониски, но всушност стануваат повисоки.rn

5. Забрзувачко темпо

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ugriWSmRxcM

Оваа илузија е суптилна. Звучи како риатмот да се забрзува, но почетното и крајното темпо на удирањето се сосема исти. За најдобро да го почувствувате ефектот, пуштете го видеото уште еднаш откако ќе заврши.

Продолжува на следната страница…

Популарно

Може ќе ве интересира