КАФЕ ПАУЗА

Одговорете на овие 3 прашања за да дознаете дали сакате да ги контролирате другите

Одговорете на овие 3 прашања за да дознаете дали сакате да ги контролирате другите

Денес, многу луѓе се обидуваат да ги контролираат другите. Контролата значи да се обидувате да доминирате или да им наредувате на другите, а овој проблем го има насекаде: во бракот, на работното место и во пријателските односи. Контролата е очигледна дури и во политиката. Честопати, мислите дека сте корисни кога давате мудри совети или, пак, мислите дека вие размислувате правилно, а другата личност погрешно. Ако сакате сите околу вас да го прават она што вие им го кажувате, тоа значи дека се обидувате да ги контролирате. За да дознаете дали навистина сакате да ги контролирате другите, одговорете искрено на овие прашања.rnrnОдговорете на овие 3 прашања за да дознаете дали сакате да ги контролирате другитеrn

1. Дали вие ја правите агендата и потоа очекувате другите да го прават тоа што вие сакате?

rnАко обично вие ја поставувате агендата за себе и за другите и оставате малку или воопшто не оставате простор за тоа што го сакаат другите луѓе, тоа значи дека ги контролирате.rn

2. Дали мислите дека некој што не се согласува со вас греши?

rnАко велите: „Не, работите треба да се направат на овој начин“ (односно на вашиот начин), имате проблем со контролата.rnrnПостојат многу начини да се решат проблемите и вашиот начин не е секогаш единствениот или најдобриот начин. Вие сте заглавени мислејќи дека знаете како најдобро да се справите со проблемот.rn

3. Дали обично преговарате само за да го добиете тоа што го сакате, без да ги слушнете другите?

rnАко не сте во можност да преговарате и да пронајдете решение што ќе им одговара на сите, имате проблем со контролата. Проблемот не се другите луѓе, проблемот сте вие и вашата неможност за компромис.rnrnКога не сте во можност да забавите и да ги почитувате туѓите идеи или предлози, вие ги ограничувате сопствениот раст и учењето нови работи.rnrnДефиницијата за личност што сака да ги котролира другите е личност чие однесување укажува на моќна потреба за контрола на луѓето или на околностите во секојдневниот живот. Сепак, ако сакате да се ослободите од контролирачкото однесување, следете ги овие чекори:rn

1. Бидете отворени за перспективите на другите луѓе

rnВреднувањето на туѓите идеи и отвореното и искрено дискутирање за проблемите без да ги напаѓате другите може да ви помогне да пронајдете решение.rn

2. Слушајте за да разберете (не за да одговорите)

rnОбидете се да ги разберете другите и нивната перцепција, а тоа ќе ви помогне при изнаоѓање решенија што ќе им одговараат на сите вклучени.rn

3. Признајте дека имате проблем

rnКога ќе сфатите дека никој друг не е виновен, освен вие самите за начинот на кој ги гледате работите, вие сте во можност да се промените себеси.rnrnКонтролата не е решение. Слушањето, разбирањето и љубовта кон другите е решението. Ако навистина сакате промени во вашиот живот, мора да се откажете од работите што не можете да ги контролирате. Можете само да се промените, а кога ќе го направите тоа, сè околу вас се менува.rnrnПрочитајте зошто луѓето бараат доминантни партнери.