КАФЕ ПАУЗА

Места каде што некогаш владееле пиратите

Места каде што некогаш владееле пиратите

Written by

in

Денеска можеби е чудно кога слушаме како сомалиските пирати се кријат и пустошат во малиот Аденски залив, но тоа не било отсекогаш така. Порано не постоела технологија која светот го правела мал, па пиратите лесно можеле да си најдат некое убаво место за криење и да чекаат некој брод за да го ограбат. Ова се местата каде што тие најчесто оперирале во минатото.rn
rn

Протокот Малака

rnПротокот Малака ги раздвојува Малезија и индонезискиот остров Суматра. Тоа бил главниот пат од Пацификот кон Индискиот Океан по кој поминувале многу бродови кои често биле пресретнувани од пирати.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

Бахамите

rnБахамите и останатите Карипски острови биле совршено место да се пречекаат шпанските освојувачи, чии бродови секогаш биле натоварени со злато од Средна и Јужна Америка. Омиленото место на пиратите од целиот архипелаг им бил островот Насау.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

Порторико

rnШпанците изнесувале премногу злато од Порто Рико, што го натерало младиот морепловец Роберто Кофрези да им се спротистави со тоа што станал пират. Најчесто тероризирал во близина на родното место Кабо Рохо, каде што денес му е подигнат споменик.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

Ла Марса

rnЛа Марса е мало крајбрежно гратче во Тунис кое редовно било посетувано од Берберските пирати. Освен таму, дивееле по целиот северноафрикански брег. Покрај ограбувањето бродови, се занимавале и со поробување луѓе кои потоа ги продавале како робови.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

Мадагаскар

rnНајголемиот африкански остров има совршена локација за поставување пиратска заседа. Тука биле пречекувани европските трговски бродови кои пловеле кон Индија и останатите земји од Југоисточна Азија.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

Сулавеси

rnОстровот Сулавеси е дел од индонезискиот архипелаг, на границата помеѓу Тихиот и Индискиот Океан. Овде и денес оперираат некои пиратски групи, кои не добиваат големо медиумско внимание како оние од Сомалија.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

Куба

rnПиратите знаеле како да ги искористат мочурливите заливи околу Куба за добро да се сокријат, а редовно го ограбувале и населението по целиот остров.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

Шамун

rnЈужнокинескиот град Шамун бил базата на најпознатата жена-пират во историјата, Чинг Ших. Таа командувала огромна флота во која служеле преку 80.000 пирати составена од мажи и жени, па дури и деца. Била посилна од кинеската морнарица, па на крајот склучиле сојуз според кој што Чинг Ших престанала да ограбува, а можела да го задржи целото богатство и да живее во изобилие без да одговара за злоделата.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

Јамајка

rnКарипските пирати кои ги ограбувале англиските и шпанските бродови со ограбено злато најчесто се упатувале кон Порт Ројал во Јамајка каде што го продавале пленот.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

Мумбаи

rnОстровчињата во близина на Мумбаи биле базата на Канхоџи Ангре, кој за трговците од Европа бил пират, а за Индијците бил борец за ослободување од колонизаторите кои изнесувале огромни богатства од Индија. Никогаш не загубил битка.Места каде што некогаш владееле пиратитеrn

Бретања

rnКорзери биле приватни бродови кои имале овластувања од француските власти да „наплаќаат баждарина“ од бродови кои пловат под знаме на некоја земја која војува со Франција. Иако не биле одметници, сепак ваквото однесување е пиратско.Места каде што некогаш владееле пиратите
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.