КАФЕ ПАУЗА

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Славни актери кои прерано нѐ напуштија

Автор: Зорица ТодороваrnrnИако никогаш не е добро време да ги загубиме нашите омилени актери и актерки, сепак изгубивме некои славни личности кои сѐ уште беа многу млади. Со оваа листа сакаме да им оддадеме почит ним и на нивната работа, а ако сме заборавиле некое име, пишете ни!rn

1. Џејмс Дин (1931 – 1955)

rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштија rnrnЏејмс Дин беше главната ѕвезда во некои од најголемите филмови во 1950-тите, како „Источно од Рајот“ (East of Eden), „Бунтовник без причина“ (Rebel without a Cause) и „Џин“ (Giant) и сѐ уште е една од култните икони во филмската индустрија. Почина на само 24 години во сообраќајна незгода.rn

2. Брус Ли ( 1940 – 1973)

rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnНајголемата икона на борбените вештини е Брус Ли. Некои од неговите најпознати филмови се „Во гнездото на змејот“ (Fist of Fury) и „На патот на змејот“ (Way of the Dragon) – ако некогаш сте се прашувале кој би победил во битка помеѓу Брус Ли и Чак Норис, погледнете го овој филм! Тој почина на 32-годишна возраст од церебрална едема. Неговиот син, Брендон Ли, го снајде слична судбина: случајно било пукано во него за време на снимањето на филмот „Враната“ (The Crow). Како и неговиот татко, неговото наследство како културна икона продолжува да живее меѓу обожавателите.rn

3. Мерилин Монро (1926 – 1962)

rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnНајзначајниот секс-симбол на Холивуд, Мерилин Монро, се појави во популарни наслови како „Џентлмените преферираат русокоси“ (Gentlemen prefer Blondes) и „Некои тоа го сакаат жешко“ (Some like it Hot). Имаше само 36 години кога беше пронајдена мртва. Аутопсијата заклучи дека причината за смртта била предозирање со седативи.rn

4. Хит Леџер (1979 – 2008)

rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnСо прекрасните изведби во „Патриот“ (The Patriot), „Планината Борукбек“ (Brokeback Mountain) и Џокерот во „Темниот Витез“ (Dark Knight), смртта на Хит Леџер беше вистински шок за сите. Почина многу млад, на 28-годишна возраст, поради предозирање со препишани лекови.rn

5. Филип Сејмор Хофман (1967 – 2014)

rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnНајпознатата улога на Филип Сејмор Хофман беше играњето на писателот Труман Капоте во „Капоте“ (Capote). Хофман доби многубројни награди и признанија за овој филм меѓу кои и Оскар за најдобар актер. Други негови познати перформанси се во „Војната на Чарли Вилсон“ (Charlie Wilson’s War), „Сомнеж“ (Doubt), „Господарот“ (The Master) и „Игрите на гладните“ (The Hunger Games). Почина во февруари, 2014 на 46 години поради предозирање со мешавина од хероин, кокаин, бензодиазепини и амфетамини.rn

6. Британи Марфи (1977 – 2009)

rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnБритани Марфи глумеше во тинејџерскиот хит „Без трага“ (Clueless), а потоа и со Еминем во „Осмата милја“ (8 Мile). Почина во декември, 2009 на 32 години од пневмонија.rn

7. Гери Колман (1968 – 2010)

rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnНајзначајната улога на Гери Колман беше Арнолд Џексон во телевизиското шоу „Различни правци“ (Diff’rent Strokes) , каде како мало детенце ги освои срцата на сите што го гледаа. Како возрасен, поголемиот дел од својот живот го помина во депресија и почина во 2010 на 42-годишна возраст паѓајќи од скалите.rn

8. Џин Харлоу (1911 – 1937)

rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnПопозната како „платинестата русокоса“ и „русокосата бомба“, Џин Харлоу беше успешна актерка и секс симбол во 1930-тите. Нејзините најпознати филмови се „Ангели од пеколот“ (Hell’s Angels), „Црвена прашина“ (Red Dust) и „Сузи“ (Suzy). Почина на 26 години од церебрална едема.rn

9. Пол Вокер (1973 – 2013)

rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnПол Вокер најмногу ќе го памтиме по улогата на Брајан О’Конер во серијата филмови „Брзи и бесни“ (Fast and Furious). Тој почина во сообраќајна незгода кога имаше 40 години. Добра вест за неговите фанови е што ќе можат повторно да го видат во Брзи и бесни 7 кој ќе излезе овој април.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.