КАФЕ ПАУЗА

Неверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чуле

Неверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чуле

Билингвизмот има големи и значајни ефекти врз функционирањето на мозокот и развојот на когнитивните вештини. За жал, до скоро се тврдеше дека билингвизмот ги прави децата поглупави, па многу родители кои не делеа исто потекло, се одлучуваа децата да ги воспитуваат учејќи ги само на еден јазик. Подоцна ова гледиште се покажа како многу погрешно.rnrnБилингвизмот, или мултилингвизмот, нуди бројни придобивки, особено кај најмладите. Но придобивките не ги чувствуваат само децата, туку и возрасните. Истражувањата покажале дека билингвистите, за разлика од монолингвистите, во просек се поплатени на кое било работно место.rnrnНеверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чулеrnrnДоколку ви треба мотивација да научите странски јазик, прочитајте ги овие неверојатни придобивки од билингвизмот. Доколку пак веќе зборувате повеќе од еден јазик, слободно уверете се во погодностите кои таа ваша способност ви ги нуди.rn

Придобивки од билингвизмот кај децата

rn

    rn011

  • Младите билингвисти уште на возраст од само 7 месеци можат многу полесно да се прилагодат на промените во средината на живеење. Кај децата кои зборуваат два јазици, може да се забележи подобар развој на когнитивните способности.
  • rn011

  • Билингвистите во просек покажуваат подобри резултати на тестовите на училиште и се добри во математичко и логичко размислување, токму поради способноста за брзо размислување и апстрактно класифицирање.
  • rn011

  • Ја зголемува самодовербата и го подобрува чувството на самовреднување и идентитет.
  • rn011

  • Децата билингвисти учат да читаат побрзо од нивните соученици.
  • rn011

  • Уште од млада возраст децата кои зборуваат два јазици се многу посконцентрирани, развиваат можност за аналитичко размислување, како и способност за мултитаскинг.
  • rn011

  • Овие деца имаат поголема веројатност да живеат во странство и да изучуваат повеќе странски јазици подоцна во животот.
  • rn011

  • Билингвистите обично се изложени на повеќе од една култура, што ги прави поотворени за нови познанства и прави да имаат почит и разбирање кон другите култури и националности.
  • rn

rnНеверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чулеrn

Умствени придобивки од билингвизмот

rn

Подобри когнитивни вештини

rnЛуѓето кои зборуваат најмалку два јазици се остроумни, имаат развиени когнитивни способности, способност за поврзување, креативност во перцепцијата на нештата, како и логично размислување и расудување. Способноста да се префрлаат мислите од еден во друг јазик ја подобрува способноста за мултитаскинг и го држи мозокот алармиран дури кога се зборува само едниот јазик.rnrnБилингвистите во просек побрзо решаваат загатки, крстозбори, сложувалки и други игри кои бараат логичко размислување.rn

Поголема лингвистичка свест

rnИзучувањето на втор јазик значи фокусирање на граматиката и синтаксата, што ја развива способноста за логично и контрастивно размислување за двата јазици, и ја зголемува лингвистичката свест.rnrnБилингвистите имаат многу добри комуникациски способности, добри се во пишување и уредување.rn

Спречува оштетувања на мозокот

rnАлцхајмеровата болест се развива дупло побавно кај билингвистите отколку кај монолингвистите. Исто така, критичната возраст за развој на некој вид деменција кај монолингвистите е 71,4 години, додека кај билингвистите е 75,5.rnrnНеверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чулеrn

Мултитаскинг

rnБилингвистите се истренирани брзо да го сменуваат системот на двата јазици кои ги владеат, нивната граматика, синтакса и морфологија, како и системот на знаци и гласови.rnrnТокму поради брзата промена во јазичните сфери, билингвистите се одлични во мултитаскинг и способноста да бидат сконцентрирани на повеќе од една работа истовремено.rnrnИсто така, билингвистите се многу повешти во одделување на важните од неважните информации. Нивната моќ на фокусирање на дадената задача е во просек повисока отколку кај монолингвистите.rn

Ја подобрува меморијата

rnБидејќи мозокот е истрениран да памети широк обем на вокабулар и граматички правила, билингвистите имаат доста добра меморија.rnrnУмствените вежби за памтење јазични шеми, го зајакнуваат мозокот, ја подобруваат моќта на категоризирање, визуелизација и памтење листи.rn

Ја згуснува сивата материја

rnСпоредено со монолингвистите, билингвистите имаат повеќе сива материја во мозокот, која е главна компонента на централниот нервен систем и е задолжена за процесирање на јазикот.rnrnБилингвистите, исто така, се многу посигурни во своите одлуки, можности и способности. Докажано е дека билингвистите многу порационално се справуваат со проблемите бидејќи неретко го преиспитуваат секое можно решение и на двата јазици кои ги владеат.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.