Изучувањето странски јазици не само што ќе ви ги зголеми шансите за вработување, туку и ќе ве направи попаметни и поодлучни.rn
Последните психолошки истражувања на оваа тема, покажуваат дека познавањето на два или повеќе јазици исклучително го подобрува мисловниот процес. Мозокот на луѓето кои изучуваат повеќе странски јазици функционира поразлично и со себе носи голем број придобивки. Еве некои од нив:
rn

rnrn
Станувате попаметни
rnУчењето на нови зборови и фрази значително ја подобрува меморијата и ја зголемува мозочната активност. Тоа позитивно влијае врз самиот процес на учење и го поттикнува критичкото размислување. Се смета дека децата кои зборуваат повеќе јазици, покажуваат подобри резултати на тестовите во училиште и полесно го совладуваат материјалот од останатите.rn
Зголемена самодоверба
rnЧувството на самодоверба кое доаѓа со стекнувањето на нова вештина е непроценливо. Уживањето во ваквата придобивка, уште повеќе ја зголемува желбата за истражување и учење нови нешта. Тоа со себе носи зголемен ентузијазам, љубопитност, сигурност.rn
Поголема отвореност
rnПатувањата се интересно искуство за секого. Познавањето на јазикот на одредена земја во која патувате, не ве прави само обичен турист, туку и ви помага полесно да ги разберете нејзината култура, народ, начин на живеење. Исто како кога слушате песна на јазик кој добро го познавате – не ги слушате само зборовите, туку ја слушате и музиката зад нив, го слушате самиот живот.rn
Нови познанства
rnЗборувањето на странски јазик ве прави поотворени кон другите луѓе. Одржувањето на тие контакти ги зголемува комуникациските вештини и ве прави лично побогати. Создавате не само лични врски, туку и врски со различни култури, идеи, традиции.rn
Усовршување на мајчиниот јазик
rnКога го учиме мајчиниот јазик, не обрнуваме големо внимание на граматичките правила и конструкции. Но, изучувањето на странски јазик нè поттикнува повеќе да се фокусираме на самата механика на јазикот, и со тоа несвесно подобро да го разбереме и сопствениот јазик.rn
Еден јазик никогаш не е доволен
rnОној кој знае повеќе странски јазици, веднаш ќе ви каже дека еден јазик никогаш не е доволен. Секогаш може да се научи повеќе. Изберете го вашиот омилен и уживајте во придобивките.rnrnДоколку ве заинтригиравме, и ви ја разбудивме желбата за учење нов јазик, ве упатуваме на duolingo, каде може уште веднаш да почнете. Пријатно учење.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
