КАФЕ ПАУЗА

Научно докажано: Луѓето со вишок килограми се повесели и попозитивни од слабите луѓе!

Научно докажано: Луѓето со вишок килограми се повесели и попозитивни од слабите луѓе!

Најновите истражувања откриле дека луѓето кои имаат вишок килограми се генерално посреќни во животот. Вистина е дека луѓето кои имаат прекумерна тежина и вишок масни наслаги на нозете се изложени на поголеми ризици поврзани со здравјето, како што се срцеви заболувања, дијабетес и поголема опасност од срцев или мозочен удар. Сепак, нивната ситуација не е толку лоша, бидејќи луѓето кои се опишуваат како дебели имаат многу посреќен живот од останатите!rnrnНаучно докажано: Луѓето со вишок килограми се повесели и попозитивни од слабите луѓе!rnrnОва истражување било спроведено на Универзитетот во Бристол и објавено е во списанието за епидемиологија. Научниците Луис Милар и Џорџ Давеј Смит ги проучувале генетските податоци на 500.000 мажи и жени на возраст помеѓу 37 и 73 години.rnrnВо текот на истражувањето тие дошле до многу заклучоци поврзани со човечкиот индекс на телесна маса и здравјето. Факт е дека кај луѓето со поголем индекс на телесна маса постојат поголеми шанси дека ќе имаат проблеми со висок крвен притисок, дијабетес, а и пубертетот кај нив се јавува порано.rnrnОвие информации не се нови, туку се веќе многу добро познати. Сепак, научниците многу се изненадиле кога дознале дека луѓето со поголема телесна тежина имаат посмирена умствена состојба.rn

„Откривме многу потенцијални врски кои досега не ни биле познати. На пример, луѓето со генетски предиспозиции за зголемен индекс на телесна маса не се доживуваат себеси како нервозни личности и ретко велат дека се напнати или раздразливи“, тврдат научниците.

rnСите знаеме дека проблемите со исхраната влијаат на управувањето со емоциите. Во тој контекст, не е ни чудо што постои директна врска помеѓу тежината и среќата. Што мислите вие за ова истражување? Дали навистина важи изреката „Дебели, но среќни“?rnrnОткако прочитавте за ова истражување, сигурно ќе ве заинтересира и фактот дека мажите кои се венчаваат со покрупни жени имаат 10 пати посреќен живот од останатите.