Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Сподели

rn

Реклама

11. Премногу рачен багаж

rnПросторот за багаж во кабината го сакаат сите бидејќи најчесто е бесплатен. Но ова не е изговор да земете премногу рачен багаж. Секогаш постои опасност нешто да падне и да повреди некого. Носете што е можно помалку работи и одберете торби кои добро се закопчуваат.rn

12. Не го ставате безбедносниот појас кога ќе ви кажат

rnНекои извештаи покажуваат дека многу патници, но и стјуардеси биле повредени бидејќи не го носеле безбедносниот појас за време на турбуленции. Кога пилотот ќе ви каже да останете на вашето место и да го ставите појасот, направете го тоа. Можете да паднете и да се повредите вие или да повредите некој друг ако не ги почитувате овие наредби.rn

Реклама

13. Не го врзувате вашето дете на седиштето

rnКога летате со дете нема потреба да купувате билет ако тоа е помало од 2 години. Но, подобро е да купите. Децата кои седат во скутовите на родителите се најранливи кога има турбуленции. Ненадејното движење може буквално да го исфрли детето од вашите раце. Најдобро е да платите седиште и за него, а уште подобро ќе биде ако земете седиште за во автомобил.rn

14. Чекирање на детско седиште за автомобил

rnЕве уште една добра причина да го земете седиштето за автомобил на детето со вас и да не го чекирате со останатиот багаж. Во текот на летот не знаете дали некој ќе го оштети. Дури и ако изгледа во ред, може повеќе да не е безбедно за време на несреќа, а вие нема да го знаете тоа. Па најдобро е да го земете со вас и да го искористите за време на летот.rn

15. Носење направи со литиумски батерии

rnЛитиумските батерии ги напојуваат направите како лаптопи, смартфони и камери. Но, тие може да бидат ризични бидејќи понекогаш се запалуваат. Па сè уште постои дебатата дали е подобро да ги чекирате или да ги понесете во кабината. Сепак, ако дојде до запалување во кабината, ќе можете да го забележите тоа и веднаш да реагирате. Ова не значи дека не треба да ги носите вашите електронски направи, но најдобро е да ги следите правилата и да ги проверувате во текот на летот.

Реклама

Доколку се подготвувате за патување, погледнете што да понесете со себе во авионот.

Најново

Може ќе ве интересира