КАФЕ ПАУЗА

Како да го сочувате добриот вид?

Како да го сочувате добриот вид?

За да го зачувате добриот вид треба малку да се потрудите. Најважно е да ги применувате советите за заштита на очите од штетните УВ-зраци, да не претерувате со капките кои ви даваат само чувство на привремено олеснување, редовно да ги одморате и да не ги игнорирате сомнителните симптоми кои се појавуваат за да ве потсетат да посетите офталмолог.rnrnКако да го сочувате добриот вид?rn

Секогаш треба да носите очила за сонце со УВ-заштита

rnИзложувањето на очите на УВ-зраци ја оштетува рожницата на окото и го зголемува ризикот од настанување на катаракта. Доколку не ги штитите очите, ја зголемувате опасноста да заболите од карцином на очните капаци. Дури и за време на облачни денови, УВ-зраците успеваат да го пронајдат својот пат низ облаците.rn

Не треба претерано да користите капки за очи

rnТие се одлични за повремено отстранување на заморот од очите, но не се трајно решение. Тие ги стеснуваат крвните садови, но воспалението се враќа после неколку часа и крвните садови повторно почнуваат да се шират. Тогаш вашите очи ќе станат поцрвени одошто биле претходно.rn

Ако имате суви очи, користете вештачки солзи

rnНо, и со нивната прекумерна употреба можете да ги иритирате очите. Сувите очи се често симптом на проблеми со видот. Ако користите капки за очи повеќе од 4 пати на ден, посоветувајте се со лекар. Што поретко тријте ги очите и користите навлажнувачи за воздух во просториите во кои најчесто седите.rn

Отстранување на шминката

rnЖените кои се шминкаат задолжително треба да го гледаат рокот на траење на козметичките производи кои ги користат. Треба да се придржуваат до зададениот рок, бидејќи бајатата шминка е штетна по здравјето на очите и кожата. Пред спиење, задолжително темелно отстранувајте ја шминката.rnrnКако да го сочувате добриот вид?rn

Немојте предолго да гледате во монитор

rnТрепкањето ги одржува очите влажни. Но, кога гледате во монитор, трепкате многу поретко од вообичаено. Би требало да трепкате 12-15 пати во минута. Ако тоа не го правите, видот ќе ви се замати, а очите ќе ви се изморат. Секои 10-тина минути погледувајте настрана во најдалечната точка која ви е достапна. На тој начин малку ќе ги одморите очите и ќе го спречите оштетувањето на нивниот вид.rn

Ако носите леќи, не ставајте ги во уста и не мијте ги со вода

rnКористете ја само специјалната течност за леќи. Немојте да ги носите леќите додека пливате или се туширате. Важно е и леќите да ви одговараат на очите, како и нежно да ги ставате и отстранувате за да не ја оштетите рожницата и со тоа да создадете погодно место за насобирање бактерии.rn

Не треба да пушите од многу причини, а видот е една од нив

rnПушењето го зголемува ризикот од настанување на катаракта и макуларна дегенерација. Тоа го намалува снабдувањето со кислород и хранливи материи на целото тело, вклучувајќи ги и очите.rn

Не надевајте се дека болката во очите, матниот вид, црвенилото и чувствителноста на светлина сами ќе исчезнат

rnАко сте забележале дека вашиот вид почнува да влијае на квалитетот на вашиот живот, не чекајте бидејќи сигурно нема да самиот да се подобри. Оштетувањето на видот треба соодветно да се третира за да спречите понатамошно оштетување и појава на очни болести.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.