Зборовите „кафе“ и „дремка“ најчесто не се спомнуваат во една реченица, но една необична стратегија што ги спојува може да биде енергетската бомба што ја баравте за лудите денови. Едноставно напијте се една шолја кафе, а веднаш потоа дремнете. И покрај тоа што ова можеби ви изгледа контраинтуитивно, на кофеинот му се потребни барем 30-тина минути пред да почне да делува, па дремнувањето веднаш по неговото консумирање ќе ви овозможи дополнителна енергија, но исто така и ќе ги подобри вашите перформанси.rnrn
rnrnИдеалната „кофеинска дремка“ трае 30 минути, што значи дека ќе се разбудите во истиот момент штом кофеинот почнува да делува. Резултатот – ќе се чувствувате одморено и стимулирано.rnrnПостојат неколку помали студии што го поддржуваат овој концепт. Едно истражување објавено во 1997 година во журналот „Psychophysiology“, открило дека поспаните возрасни, кои комбинирале 200 милиграми кофеин и потоа дремнале, имале подобар перформанс за време на симулираните тестови за возење во споредба со оние што пиеле само кофеин или плацебо.rnrnДруга студија објавена во „Clinical Neurophysiology“ во 2003 година, вклучувала десет млади возрасни распоредени во пет експериментални групи. Тие требало да направат различни видови интервенции за време на компјутерски задачи. Испитаниците од едната група преспале 20-тина минути, од другата испиле 200 милиграми кофеин пред дремката, од третата по дремката веднаш си ги измиле лицата, од четвртата биле изложени на силна светлина по будењето, а од петтата група само одмарале. Кој бил најефективниот метод за перформанс? Сигурно погодивте – кофеинот во комбинација со дремката.rnrnПа, дали и вие треба да станете кофеински дремач? Да, дефинитивно вреди да се проба доколку веќе пиете кафе и вашиот распоред го дозволува тоа. Овие дремки исто така можат да ве спречат и да не пиете толку голема количина кафе во текот на денот, резултирајќи со побрзо заспивање и поквалитетен сон во текот на ноќта.rnrnИсто така, обидете се да дремнете порано во текот на денот. Генералното правило е да го избегнувате кофеинот барем 6 часа пред легнување во кревет, за да не ве држи будни во текот на ноќта. И запомнете: Кофеинските дремки вклучуваат една шолја кафе, не цел бокал и 15-30 минути дремка, а не 2-часовен маратон.rnrnЉубители сте на кафето? Можеби ќе ве интересираат и овие 8 неочекувани придобивки од секојдневното пиење кафе.
Кофеински дремки: Зошто тие се најдобриот метод за дополнителна енергија во текот на денот?
