Доколку спиете по помалку од 6 часа дневно, за само една недела ќе ги осетите негативните последици по вашето здравје, ќе ви опадне имунитетот, а ќе ви се зголеми желбата за внесување на јаглехидрати и поголем број калории.rnrn
rnrnСледствено на тоа ќе ви се намали и моќта за концентрирање и памтење, а поради лишувањето од сон ќе се зголеми појавата на агресивни испади, негативно размислување и нервоза, велат заклучоците од спроведеното истражување на британскиот универзитет во Сари.rnrnСекој осми човек на планетава, спие по помалку од шест часа навечер, а лошиот сон влијае на повеќе од 700 различни гени.rnrnДоколку го нарушите сонот, вие преку тоа го нарушувате целокупното функционирање на организмот. Иако телото може да се приспособи на помалку спиење, помалку од 6 часа сон дневно е крајно нездраво и предизвикува голем број болести, смета лидерот на истражувањето Дерк Јан Дијк.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
