Оваа математичка равенка за ученици од основно училиште преку ноќ стана вистинска Интернет сензација со тоа што успеа да збуни илјадници. Најпрво, стана популарна во Јапонија, а сега веќе е позната насекаде низ светот. Изненадувачки е фактот што повеќето луѓе не можат да ја решат, дури и покрај тоа што е наменета за деца. Обидете се и вие!
Поголемиот дел од луѓето користат погрешен метод за да ја решат оваа задача. Постојат две стапици кај овој проблем: Редоследот на операциите и незгодните дропки. Па, дали вие ќе успеете да стигнете до точното решение?
[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ако вашето решение е 9…” active=”false”]
Обидете се пак, бидејќи тоа не е вистинското решение.
Изгледа точно, но редоследот на операциите е погрешен. Множењето и делењето имаат предност пред собирањето и одземањето.
[/toggle_item]
[/toggle_box]
[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ако вашето решение е 1…” active=”false”]
Честитки! Го добивте вистинското решение. Знаците за делење и дропки се всушност истите операции. Затоа, можеме да го сметаме тоа како 3/1/3. Сите знаеме како се делат дропки: Ги менуваме местата на броителот и именителот. Па, така ќе добиеме: 3×3/1. Тоа е еднакво на 9. Оттука произлегува 9-9+1=1.
rnПостои уште еден начин да се реши дропката: 1/3=0.3333333. Кога ќе го поделиме 3 со 0.3333333, ќе добиеме 9. 3 поделено со 1/3 е еднакво на 9. Останатото е лесно да се реши.
[/toggle_item]
[/toggle_box]

