КАФЕ ПАУЗА

Венера во аспект со Нептун: Прочитајте какви предизвици ќе ви донесе денешниот ден

Венера во аспект со Нептун: Прочитајте какви предизвици ќе ви донесе денешниот ден

Денес, Венера која минува низ знакот Стрелец и Нептун кој минува низ знакот Риби се во предизвикувачки аспект. Кај вас може да се појави чувството на вина или некаков инстинкт да им помагате на другите, додека вашите потреби ќе останат незадоволени. Сонувате со отворени очи, додека реалноста очајно се обидува да ве разбуди. Доколку бидете внимателни, ќе забележите мали, но важни знаци покрај патот.rnrnВенера во аспект со Нептун: Прочитајте какви предизвици ќе ви донесе денешниот денrnrnВаквата состојба може да потрае неколку дена. Не се однесувате кон нештата на разумен начин, можеби сте во некаква заблуда, можеби сакате да живеете во заблуда, а притоа ја избегнувате реалноста. Не сакате да се соочите со вистината и тоа може да ви донесе проблеми особено доколку овој процес трае подолго време.rnrnГо гледате светот низ розови очила што може да предизвика кај вас состојба на еуфорија, возбуда, занес, вљубеност, но во моментот не се сите карти отворени. Некој во ваша близина носи маска, се обидува да ве заведе, се прикажува во подобро светло отколку што навистина е. Вие пак, бегате од сето тоа и не сакате да си признаете дека е така.rnrnОва сознание нека ви послужи да станете посвесни за тоа што очекувате во вашите односи со другите. Запрашајте се: зошто сме заедно? Дали навистина сакам да бидам со него/неа? Што ни е заедничко? Дали оваа врска ќе му помогне на мојот личен развој?rnrnЦелта на овие прашања е да ве натераат да вложите труд, време и енергија за да ја анализирате вашата врска. Доколку сфатите дека врската не придонесува за вашето созревање како личност, тогаш подобро би било да ја прекинете.rnrnТокму малите знаци на кои ќе наидете ќе ве потсетат дека не е сè така розово и ќе ве насочат кон вистинскиот пат.rnrnОткако дознавте какви предизвици ве очекуваат денес, можеби ќе сакате да дознаете и кои 3 хороскопски знаци ги очекува неверојатна среќа до 22 ноември 2021.rnrnИзвор: atma.hr