Во што спие вашиот партнер? Тоа ќе ви открие нешто за неговиот карактер…

Сподели

Според психологот Саманта Родман, она во што вашиот дечко или маж најчесто спие, открива каков е неговиот карактер. Во продолжение проверете дали описот е точен за вашиот партнер.

Реклама

rn

Пижами

rnВашиот партнер најмногу ја цени удобноста. Се работи за лојална личност на која секогаш можете да се потпрете. Мажите кои спијат во пижами најчесто со приврзани со своите партнерки, ги негуваат семејните односи и многу уживаат во мазење и галење со саканата. Во неговата прегратка се чувствувате сигурно и посебно, но веројатно со него немате луд и незаборавен секс, бидејќи тој е и малку срамежлив.

rn

Боксерки

rnВо оваа категорија дефинитивно спаѓаат најголем број од мажите што е од многу едноставна причина – тоа им е наједноставното решение за одење во кревет. Но, тоа и многу говори за нивниот карактер. Имено, според зборовите на Саманта Родман, овие момци се многу едноставни, сакаат спорт, дружење со пријателите и се секогаш спремни за акција. Често се самоуверени во љубовта, а во бракот се добри мажи и татковци покрај кои можете да сметате на материјална сигурност.

rn

Ништо

rnСпиење без ништо упатува на изразито сексапилен маж кој е секогаш желен за акција и покачување на адреналинот. Ако тој спие гол, веројатно сака патувања и нови животни искуства, а истото го вреднува и кај жените. Луд е по врски за една ноќ, згодни жени и добар секс, објаснува психологот Родман. Сепак, одлична вест е што овие момци и многу сакаат да се заљубуваат, но од друга страна ретко се посветуваат само на една жена. Околината често ги доживува како ексцентрични личности.

И начинот на кој спиете со партнерот зборува за вашата врска.

Содржина /затвори

Најново

Може ќе ве интересира