КАФЕ ПАУЗА

6 знаци кои покажуваат дека на вашите пријатели не им се допаѓа вашето момче

Кога сте со него, работите се совршени. Но, кога ќе се појавите заедно пред вашите пријатели или пак само го споменувате во разговор, нештата малку тргнуваат во поинаква насока. Тогаш ќе забележите некој непријатен израз на неколку лица, а на други пак ќе им исчезне насмевката. Дали ви се чини или телото на вашите пријатели извикува „Го мразам твоето момче“? Ако околу вас ги забележувате овие знаци, тогаш дефинитивно имате потврден одговор на ова прашање.rn

Вашите пријателки секогаш сакаат да имате ноќ посветена само на девојките

rn6 знаци кои покажуваат дека на вашите пријатели не им се допаѓа вашето момчеrnrnАко и покрај вашите предлози да се соберете сите заедно, вашите пријателки повторно и повторно инсистираат да се состанете само дамите, тогаш тоа би можело да биде знак дека ним не им се допаѓа вашиот партнер.rn

Се чувствувате исклучено од разговорот кога сте со вашето момче

rn6 знаци кои покажуваат дека на вашите пријатели не им се допаѓа вашето момчеrnrnИако конечно сте се собрале сите заедно, сепак, вие и вашето момче се чувствувате како да не припаѓате таму, затоа што никој не ве вклучува и вам во разговорот, оставајќи ве да си зборувате самите меѓу себе.rn

Вашите пријатели избегнуваат да зборуваат за него

rn6 знаци кои покажуваат дека на вашите пријатели не им се допаѓа вашето момчеrnrnВие се обидувате да им раскажете на вашите пријатели колку убаво сте си поминале со вашето момче на патувањето, но тие постојано ја менуваат темата… Ова е уште еден очигледен знак дека ним не им се допаѓа вашето момче.rn

А кога вие зборувате за него, тие се многу мирни

rn6 знаци кои покажуваат дека на вашите пријатели не им се допаѓа вашето момчеrnrnДали правите нешто погрешно? Ова не е добар знак, особено ако вие и вашата пријателка знаете непрекинато да зборувате со часови.rn

Забележувате некои нивни изрази

rn6 знаци кои покажуваат дека на вашите пријатели не им се допаѓа вашето момчеrnrnНа пример, се обидувате да им раскажете на вашите пријатели како вие и вашето момче сте доживеале некоја ситуација, а во истиот момент забележувате како тие ги превртуваат очите или прават друг израз на непријатност и незадоволство.rn

Тие сѐ уште се обидуваат да ви договорат состаноци со други момчиња

rn6 знаци кои покажуваат дека на вашите пријатели не им се допаѓа вашето момчеrnrnКога пријателите продолжуваат да ви покажуваат фотографии од нивните прекрасни колеги, тогаш постои шанса тие потајно да не го сакаат вашето момче.