КАФЕ ПАУЗА

4 едноставни начини за проширување на свесноста без да медитирате

Written by

in

,

Кога размислувате за проширување на свесноста, сигурно си замислувате како некој медитира во тивка средина. Но дали знаете дека можете да ја вежбате вашата свесност во текот на целиот ден, дури и кога сте опкружени со други луѓе?rnrn4-ednostavni-soveti-za-kako-postojano-da-bidete-svesni-kafepauza.mkrnrnМногумина од нас се жалат дека го немаат потребното време за да вежбаат проширување на свесноста. Ние сме толку зафатени што понекогаш ова ни изгледа невозможно, но тоа е далеку од вистината. Погледнете ги овие 4 едноставни совети кои ќе ви помогнат да ја одржувате вашата свесност на високо ниво, дури и без да медитирате.rn

1. Слушајте повеќе

rnПовеќето од нас се ужасни кога станува збор за слушање. Нашиот животен стил е толку хаотичен што многу често ги пресекуваме луѓето на сред разговор. Кога ќе се сретнеме со добар слушател, ние се чувствуваме признато, разбрано и слушнато. Одвојте време за да ислушате некого без да го судите за тоа што го кажува. Едноставно фокусирајте се на зборовите и тргнете ги предрасудите.rn

2. Дишете свесно почесто

rnНе ги игнорирајте сензациите во вашето тело и вратете го вниманието кон вашата работа. Правејќи го ова ќе ја зголемите свесноста и ќе станете подобар слушател.rn

3. Зборувајте вешто

rnЖивееме во општество каде што свесните разговори и говори не се толку важни. Вежбајте вешто и свесно говорење кое полека ќе се претвори во говорење од срцето. Поголем дел од времето зборуваме без да размислиме, а тоа не прави ништо освен врева. Повикајте ја внатрешната свесност кога зборувате со некого.rn

4. Бидете свесни 24/7

rnФокусирајќи се на слушањето на другите (без предрасуди), поврзување со вашите сетила и свесноста за дишењето додека зборувате, вие сте способни да бидете свесни 24/7.rnrnЕве ви и една листа која ќе ви биде од голема помош:rn

    rn011

  • Зборувајте од вашето срце и одржувајте ја свесноста.
  • rn011

  • Насочете го целото ваше внимание кон вашиот соговорник.
  • rn011

  • Не ги судите зборовите на соговорникот, едноставно само примајте ги информациите.
  • rn011

  • Бидете присутни во сегашноста – физички и ментално.
  • rn011

  • Вашето залутано внимание насочете го кон некој предмет или одредена сензација во телото.
  • rn011

  • Зборувајте автентично – она што навистина го мислите.
  • rn011

  • Создавајте поврзаност со секој разговор.
  • rn

rnПрочитајте ги и овие инспиративни цитати за проширување на свесноста.