КАФЕ ПАУЗА

Најчестите приговори што мажите ги имаат за жените

Најчестите приговори што мажите ги имаат за жените

И мажите имаат список со поплаки за жените, па прочитајте за кои работи најчесто имаат приговор и прашајте го вашиот партнер дали и тој размислува така за вас.rnrnНајчестите приговори што мажите ги имаат за женитеrn

1. Никогаш не им е доста од шопинг

rnНајверојатно сите мажи во светот мислат дека жените се зависници од шопинг. Тие едноставно не можат да го разберат значењето на шопинг-терапијата и ги вознемирува тоа што жените се во состојба да пробуваат облека и додатоци иако немаат намера да ги купат.rn

2. Трошат пари импулсивно

rnМажите се прашуваат зошто жените не можат двапати да размислат дали навистина им треба нешто пред да го купат тоа.rn

3. Имаат премногу барања

rnЖените може да имаат премногу барања дури и кога се уморни, кога имаат главоболка или кога ќе се вратат дома од работа. Една од најчестите поплаки е тоа што жените можат емоционално да ги исцрпат. Мажите не разбираат зошто жените постојано зборуваат за проблеми или за други небитни работи за кои тие не покажуваат интерес.rn

4. Трошат премногу време за подготвување

rnПовеќето мажи мислат дека жените поминуваат премногу време пред огледалото без разлика дали се подготвуваат за на работа, за излегување или за нешто друго. Со оглед на тоа што од мажите се очекува само да бидат уредни и во чиста облека, тие мислат дека жените премногу се дотеруваат.rn

5. Опседнати се со чистењето на куќата

rnНа мажите не им е проблем да облечат веќе носени чорапи или да остават мокра крпа на креветот. Мажите многу често се жалат на опседнатоста на жените со подготвување, чистење и организирање.rn

6. Потребно им е многу време за да донесат некоја бесмислена одлука

rnМажите мислат дека жените се каприциозни во донесувањето одлуки. Од една страна, тие можат да донесат моментална одлука дека веќе никогаш нема да разговараат со својата најдобра пријателка, а од друга страна, им требаат неколку часа за да одлучат која нијанса на кармин да ја купат.rn

7. Приговараат, особено по стапувањето во брак

rnМажите ги нервира кога жените почнуваат да приговараат, без разлика дали тоа е за нивната мајка, сестра, поранешна девојка, тетка или слично. Некои мажи стравуваат дека нивната сопруга постојано ќе се жали од нив откако ќе стапат во брак.rn

8. Премногу заобиколуваат

rnМажите се различни од жените и подобро разбираат кога сè им кажувате директно и отворено, а остануваат збунети кога жените се обидуваат да им кажат нешто меѓу редови. Мажите мразат кога жените заобиколуваат и намерно создаваат компликации таму каде што не треба да ги има.rn

9. Понекогаш незаслужено ја искористуваат предноста поради полот

rnОва не го кажуваат отворено, но не им се допаѓа фактот што жените имаат предност поради полот. На жените им се нуди седиште во преполн автобус, ги носат таму каде што треба или им наплаќаат помалку за влез во некој клуб, а ваквите работи многу ги нервираат мажите.rn

10. Понекогаш можат да бидат многу чудни

rnЕдна од најчестите поплаки е тоа што жените многу брзо го менуваат расположението. Во еден момент тие се насмеани и среќни, а во друг, сè се руши и се претвора во пекол.rnrnПрочитајте што друго е потребно за среќна врска иако хороскопот вели дека сте совршен пар.