Зависта и љубомората се две различни емоции кои честопати се мешаат. Можете да прашате десет луѓе за разликата помеѓу нив и ќе добиете десет различни одговори. Но, во психологијата се прави јасно разграничување помеѓу двете.rnrn
rnrnЗависта е емоција која се јавува кога кај некого ќе забележиме нешто што нам ни недостасува.rnrnЗа разлика од неа, љубомората се јавува кога нешто што веќе го имаме го чувствуваме како загрозено од нешто трето.rnrnВо ситуацијата на зависта има само две личности: едната која има нешто и друга која завидува затоа што чувствува дека тоа нешто ѝ недостасува.rnrnПри љубомората има три личности: една која има посебна врска со некого и која чувствува дека таа врска станува загрозена поради некој трет.rnrnПример за завист е кога посакувате да имате убава долга коса како вашата другарка, да заработувате како вашата братучетка или добро да играте кошарка како вашиот пријател. Тоа често се меша со љубомора, но не се работи за тоа.rnrnЉубомора постои кога ќе забележите дека вашата девојка или момче гласно се смее на нечии шеги и сметате дека таа трета личност може да ги наруши односите во врската за која вие се залагате.rnrnПостои можност да се јават и двете емоции одеднаш, кога врската ви е загрозена од личност на која ѝ завидувате за нешто, а тоа може да биде тешко и интензивно емоционално искуство.
Која е разликата помеѓу зависта и љубомората?
