Дека привлечноста е во очите на набљудувачот, најдобро го докажуваат различните стандарди за убавина ширум светот. Дознајте што прават жените од различни области на планетата Земја за да изгледаат убаво и привлечно.rnrn
rn
1. Жените од Иран се гордеат на совршено обликуваниот нос
rnЕстетските операции на носот денес се вообичаени, но малку е познато дека тие се најпопуларни во Иран каде што жените не кријат дека биле „под нож“, туку се гордеат со тоа. Бидејќи нивното тело и коса се покриени со хиџаб, жените се фокусираат на она што е видливо за сите, а тоа е лицето.rnrn
rn
2. Жените од Нов Зеланд го красат своето лице со тетоважи
rnЖените од народот Маори во Нов Зеланд уште од памтивек ги украсуваат своите усни и брада со тетоважи. Тоа е античка традиција која е позната како „та моко“. Некогаш таквите тетоважи го означувале потеклото и општествениот статус, а денес се моден додаток.rnrn
rn
3. На жените од Азија им е најважен порцеланскиот тен
rnВо азиските земји светлата кожа е традиционален знак за убавина и богатство. Азијките и денес го негуваат обичајот да го избегнуваат сонцето за нивната кожа да не добие сончана боја. Особено во Кореја жените трошат многу пари на креми за избелување на кожата.rnrn
rn
4. Жените од Франција го сакаат природниот изглед
rnНа Французите им е најпривлечен природниот изглед без тешка шминка. Тамошните жени велат дека сакаат да бидат свои и да ја истакнат природната убавина, а не да се прилагодуваат на некој стил. На Французинките им е поважна негата на кожата отколку шминката.rnrn
rn
5. Жените од античките племиња го „истегнуваат“ својот врат, уши, усни…
rnВо племето Карен во азиската држава Мјанмар има антички обичај во кој на жените целиот врат им е „окован“ со бронзени ланчиња. Декоративните кругови создаваат впечаток на растегнат врат, па жените од племето Карен се познати и како жирафи. Избричената глава и растегнатите ушни реси се илјадагодишни стандарди за убавина во африканското племе Масаи и другите племиња, во кои сѐ до денес се задржал и обичајот за растегнување на долните усни со помош на посебен „диск“. Во некои делови од Африка и Јужна Америка, традиционално на торзото се нанесуваат белези како знак на сензуалност.rnrn
rn
6. Жените во Индија цртаат по своите тела со к’на
rnЖените во Индија традиционално ги исцртуваат очите со темна линија за да бидат поизразени, а на рацете и стапалата сакаат да носат цртежи од к’на. Најпрепознатливиот индиски украс е бинди, обоената точка или скапоцен камен на челото. На Индијките им е важно нивната коса да биде долга и сјајна, а кожата ја осветлуваат со помош на посебни креми. Овие илјадагодишни традиции ги модернизирале индиските филмски ѕвезди во Боливуд.rnrn