Повеќето луѓе ја фрлаат кората од лимонот, но овие совети и врвни трикови како да ја искористите кората ќе ве воодушеват.rnrn
rn
Маслиново масло од лимон
rnИзрендајте 3 лажички кора од лимон и додајте ги во една лажица маслиново масло – таа е пропорција, а може да ја зголемите количината. Оставете ги да стојат заедно 2 седмици и ќе добиете маслиново масло од лимон, подготвено за употреба и со одличен освежителен вкус.rnrnКорисно е да се консумира како додаток во исхраната или наутро на празен стомак бидејќи има функција на прочистување на целиот организам.rn
Коцки мраз од лимон
rnВо калапот за мраз додајте рендана кора од лимон, турете вода и вратете го во замрзнувачот. Ќе видите дека веќе нема да можете да го пиете вашиот омилен пијалак без овој освежителен додаток.rn
Против непријатни мириси
rnЗа да ја апсорбирате непријатната миризба од корпата за отпадоци, ставете неколку кори од лимон на дното. Кората ќе ги апсорбира сите непријатни мириси, но треба да се менува на секои два до три дена.rnrnИсто така, можете да ставите кора од лимон во патиките или чевлите ако имате проблем со непријатен мирис на стапалата.rn
Исчистете ја микробрановата печка
rnВо сад ставете рендана кора од 5 лимони, измешајте со вода и ставете ја смесата во микробранова печка. Нека биде вклучено на највисока температура околу 5 минути.rnrnНа овој начин, ќе ја исчистите микробрановата печка внатре. Избришете ги ѕидовите со крпа и вашата печка ќе биде како нова.rnrnПогледнете како да ја искористите кората од лимонот за да добиете вкусен оброк.