КАФЕ ПАУЗА

Која е разликата помеѓу мрзливоста и неидентификуваната страст?

Која е разликата помеѓу мрзливоста и неидентификуваната страст?

Некои луѓе не се успешни бидејќи се мрзливи, а други бидејќи едноставно не ја идентификувале својата страст. Иако во двата случаи се соочувате со недостаток на средства, на награди, на признанија и на достигнувања, не станува збор за две исти работи. Да се биде мрзлив значи дека не се трудите, но ако имате неидентификувана страст, вие сепак вложувате труд.rnrnКоја е разликата помеѓу мрзливоста и неидентификуваната страст?rn

Мрзливост

rnКога во животот нема да успеете да ги остварите вашите цели затоа што сте мрзливи, тоа е ваш избор. Мрзливоста е начин на однесување кој сте го избрале, односно вашиот избор е да не правите ништо, да направите колку што е можно помалку или да ги одложувате работите.rnrnМрзливоста обично се манифестира како физичка неактивност и може да биде предизвикана од недостаток на интерес, на самодоверба или на мотивација. Без оглед на причината, мрзливоста се карактеризира со недостаток на желба да преземете каква било акција.rn

Страст

rnВашата страст го разгорува вашиот ентузијазам и ве тера да ги дефинирате и да ги остварите вашите цели и соништа. Енергијата што ве тера да ги преминете сите пречки и повторно да се обидете кога ќе доживеете неуспех, потекнува од вашата страст.rn

Која е разликата помеѓу тоа да се биде мрзлив и да имате неидентификувана страст?

rnКај мрзливите личности постои минимална или воопшто не постои цел, мотивација, интерес или самодоверба. Вашето ниво на амбиција и желба да постигнете или да направите нешто е многу ниско. Не чувствувате потреба да преземете акција, а наместо тоа, мислите дека некој друг ќе го поправи, ќе го открие или ќе го сработи тоа.rnrnВие постојано чекате да се случи нешто, а колку повеќе чекате и колку повеќе одложувате, толку повеќе ќе бидете немотивирани, па така, ги губите интересот и волјата да созреете и да напредувате.rnrnВо случаите кога не сте ја идентификувале вашата страст, сепак постои интерес. Можеби се чувствувате заглавени во потрагата по некое решение, но важно е дека се трудите и дека не се откажувате.rnrnКога ќе изберете да бидете мрзливи, вие прифаќате супстандардни услови. Се откажувате од значајни можности, имате изговор за сè што не се случило или што тргнало во погрешна насока и постојано ги обвинувате другите за вашиот неуспех.rnrnМеѓутоа, иако не сте ја откриле вашата страст, вие не се откажувате и не го прифаќате поразот, па постојано сте во потрага по нови решенија. Можеби се обидовте да студирате на неколку факултети или сменивте повеќе работни места, но не престанувате да преземате акција и не ги заобиколувате можностите.rnrnМрзеливите личности велат „не можам“, „не сакам“ и „нема“, а личностите што не ја откриле својата страст ќе кажат „можам, но треба да научам како“, „сакам да си поставам цели и да ги остварам“ и „ќе ги пронајдам моето место и мојата цел“.rnrnКога сте мрзливи, прифаќате каков било резултат затоа што немате мотивација да се подобрите, но оние кои не се мрзливи го искористуваат исходот од секоја ситуација за да утврдат дали се таму каде што треба да бидат или треба да продолжат со барањето.rnrnОвие 3 прашања ќе ви помогнат да ја откриете вашата вистинска страст.