Согласно Уредбата донесена од Владата, како мерка за превенција од COVID -19 објавена во Службен весник бр.80/2020, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма, сѐ со цел да се намали користењето на сметки во хартиена форма. На овој начин се зголемува заштитата на јавното здравје и се поттикнува користењето на дигиталните алатки од страна на корисниците, како што се користење на електронска сметка и електронско плаќање од дома без непосреден контакт.rnrn
rnrnА1 Македонија ги известува корисниците дека месечните сметки отсега ќе бидат доставувани по електронски пат.rnrnСите приватни корисници на А1, кои досега ја немаат активирано услугата Е-сметка, ќе добијат известување преку СМС порака која ќе содржи активен линк, од каде корисниците ќе можат бесплатно да ја преземат својата месечна сметка.rnrnНа деловните корисници сметките ќе им бидат испратени електронски на нивната е-мејл адреса, односно преку услугата Е-сметка.rnrnСо електронското доставување на месечните сметки, корисниците веднаш и навремено ќе имаат пристап до своите сметки во PDF формат, што придонесува кон зачувување на јавното здравје и превенција од COVID-19, како и зачувување на животната средина.rnrnЕлектронското плаќање на сметките е достапно преку официјалната страница www.a1.mk и преку апликацијата Мојот А1, каде корисниците лесно, брзо и безбедно може да ги платат своите сметки и услуги од А1, со платежна картичка и во секое време.rnrnКорисниците кои веќе ја имаат активирано услугата Е–сметка ќе продолжат да ги добиваат месечните сметки на истиот начин и во истиот формат како и досега.rnrnСо приемот на електронските сметки, корисниците ги задржуваат истите права и обрски како и претходно.rnrnДоколку корисниците сепак сакаат да продолжат да ги добиваат месечните сметки во хартиена форма, потребно е да се јават на бесплатниот број 1278, во рок од 10 дена по добивањето на СМС пораката за електронската сметка.rnrnПовеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.
A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници
