Поставете го вистинското прашање, и одговорот навистина ќе ве изненади. Поставете го погрешното прашање, и можно е целиот труд да ви бил залуден. Прашањата се навистина моќни бидејќи ни помагаат да сфатиме што сакаме да правиме со нашите животи. Кога ќе го поставите вистинското прашање можно е да ви се разјаснат многу работи и да тргнете на авантура која никогаш нема да ја заборавите. Па, за да ја откриете вашата вистинска страст, поставете си ги следниве 3 прашања.rnrn
rn
1. Кои се 3-те нешта кои би ги правеле ако знаевте дека утре ќе умрете?
rnОва прашање ве тера да се потсетите на вашата смртност. Замислете си дека само што сте се вратиле од болница и сте биле дијагностицирани со рак. Лекарот ви рекол дека имате само уште еден ден живот. Што би направиле тогаш? Кое е првото нешто што ви доаѓа на ум? На некои работи ќе се сетите веднаш, а ова ќе ви помогне да сфатите што навистина сакате.rn
2. Ако парите не се проблем, што би работеле?
rnСигурно ова е прашање што го имате слушнато и порано. Размислете добро и одговорете што навистина сакате да правите. Која е вашата страст? Што би правеле ако парите немаа никаква улога? Проблемот со ова прашање е што им даваме толкава вредност на парите, што дури ни е тешко и да замислиме дека сме богати. За полесно да си дадете одговор, замислете си дека сте наследиле многу пари. На овој начин полесно ќе сфатите што навистина сакате да работите.rn
3. Дали моите дела се совпаѓаат со мојата вистинска страст?
rnОва прашање зависи од одговорот на првите две. Овде целта е да ги поврзете точките. Знаете што сакате, знаете во која насока треба да се движите, но сега е време да се запрашате што ќе направите. Ова прашање ќе ви помогне да откриете некои потенцијални конфликти. Понекогаш не го одговараме второто прашање. Причината за ова е тоа што веќе сме научиле општеството да ни кажува што да правиме и што да сакаме. Ова прашање ќе ви помогне да го идентификувате внатрешниот конфликт, па дури и ќе ви разјасни некои работи.rnrnПогледнете ги и овие прашања кои ќе ви помогнат да ја откриете вашата животна цел.
