Тој е совршен за вас, барем така ви се чини. Иако ги исполнува сите критериуми, постојат некои пукнатини во основата на вашата врска поради кои се сомневате дали тој навистина е подготвен да се врзе и да биде засекогаш со вас. Ова се 9-те знаци кои ќе ви потврдат дека тој сѐ уште не е подготвен за брак…rnrn
rn
1. Не се однесува согласно со неговите години
rnАко тој сѐ уште се однесува како да е студент, постојано излегува и заглавува до раните утрински часови и притоа пие многу алкохол, тогаш тој не е подготвен за брак. Бракот значи дека треба да се откажете од центарот на вниманието и да почнете да делите сѐ со друга личност. Тоа не значи дека бракот не дозволува да поминувате време сами, но тоа е на дното од листата на приоритети. На прво место секогаш треба да бидат вниманието и грижата за сопругата.rn
2. Тој живее за да освојува
rnПочетоците на врските се секогаш возбудливи со доза на мистерија, романса и нескротлива страст. Откако таа почетна возбуда почна да избледува, дали тој стана незаинтересиран, разочаран и подготвен да продолжи понатаму? Страста се развива брзо, но исто толку брзо и исчезнува. Во здравите бракови, кога страста ќе се намали, партнерите почнуваат да ја развиваат блискоста и посветеноста помеѓу нив за да ја одржат врската. Но, ако тој се вложува само додека трае страста, нема да се чувствува исполнето понатаму и нема да ги задоволува вашите потреби во бракот.rn
3. Не е подготвен да вложи доволно труд кој е потребен за да опстане бракот
rnСпротивно на сите верувања дека среќниот брак не треба да е напорен и да бара вложување многу труд, вистината е дека ќе мора да се потрудите за тој да опстане. Бракот става двајца луѓе заедно во мал простор без никакви инструкции за тоа како да продолжат понатаму, ниту пак, како да успеат. Ако вашиот партнер бара лесна врска која нема да бара многу труд, тогаш вие сте со некој кој нема да биде покрај вас кога ќе се јават неизбежните проблеми. Идејата дека треба да се вложи труд во бракот не би требало да го плаши оној кој е подготвен да се ожени. На крајот на краиштата, колку повеќе се вложиме себеси во она што го правиме, толку поголема е веројатноста дека ќе создадеме нешто вредно и трајно.rn
4. Не сака да се врзе
rnНа пример, доколку чувате куче, а тој ви вели: „Зар не те врзува кучето?“, тоа е доволен знак дека не е подготвен за брак. По неколку љубовни состаноци тој делува како да сте го маѓепсале, но откако го прашавте кога повторно ќе се видите, наместо да биде поласкан тој ви вели да не го гушите. Уште еден знак е ако тој ви се јавува само за „онаа работа“, а не ве поканува на вистински љубовни состаноци.rnrn
rn
5. Секогаш сѐ се врти околу него
rnВо секоја здрава врска треба подеднакво да се дава и да се добива. Во тој контекст и разговорите исто така треба да бидат урамнотежени. Но, ако вашиот партнер постојано зборува само за себе и не покажува никаков интерес за вас, големи се шансите дека тој исто така ќе се однесува и во бракот.rn
6. Не можете да бидете свои кога сте покрај него
rnДоколку вашиот партнер постојано ве критикува и има одредени замисли за тоа какви треба да бидете или како треба да се однесувате, ќе почнете да глумите нешто што воопшто не е дел од вашата личност. Можеби вашите пријатели ќе ви кажат дека сте се промениле. Ако тој не може да биде во врска со вашето вистинско „јас“, тогаш треба да размислите два пати дали би сакале да бидете во брак со таков човек.rn
7. Не може да каже „Не“
rnБракот подразбира жртви и поставување граници. Тоа значи дека понекогаш ќе треба да ги ставате туѓите потреби пред вашите. Исто така, потребно е да поставите граници во однос на другите луѓе за да ги заштитите желбите на вашиот партнер. Дали тој нема храброст да ѝ каже на поранешната девојка да престане да го бара, затоа што е во врска? Дали тој не може да им каже на родителите да престанат да се мешаат во неговите финансии? Ако забележите дека тој ги одбегнува ваквите конфронтации, тоа може да е знак дека не е подготвен да ги направи жртвите потребни за опстанокот на еден брак.rn
8. Не е заинтересиран да се запознае и зближи со вашето семејство и блиските пријатели
rnПет збора: Сѐ се врти околу него. Тоа никогаш не е добро.rn
9. Вашите пријатели не го одобруваат
rnДодека сме заљубени, особено во раните фази, не сме објективни кога станува збор за нашиот партнер. Тогаш сме под влијание на сите хормони на среќата кои се последица од заљубеноста и ги игнорираме негативните знаци, а предвид ги земаме само позитивните. Според тоа, пред да стапите во брак, важно е вашите пријатели да ви го одобрат партнерот. Луѓето кои ве познаваат долго време може да имаат поинаков поглед кон работите и да забележат нешта кои вие не можете да ги видите во почетните фази и ако не ги прашате директно што мислат, тие можеби нема да ви кажат ништо додека не биде предоцна.