КАФЕ ПАУЗА

Како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?

Продавачите се добро истренирани да користат психолошки техники за подобрување на расположението на муштериите со правилно избрани бои, музика, миризби и чувство на луксуз. Продавниците го местат мебелот, работат со форми и нè молат „само да пробаме“ нешто. Всушност, тие го прават сето ова само за да привлечат муштерии и да ги натераат да останат внатре. Погледнете кои се тајните на продавниците за облека со кои ве тераат да потрошите повеќе пари.rn

1. Големиот црвен знак „Распродажба“ создава чувство на итност

rnКако продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?rnrnСте се запрашале ли зошто сите знаци за распродажба што нудат добри зделки се црвени? Во овој случај продавниците користат основна психологија и ја употребуваат бојата на која најмногу реагираме. Во човечкиот ум, црвената е позната како нијанса за опасност. Оваа реакција создава чувство на итност и ги тера потрошувачите да купат нешто.rn

2. Користат „препознавање на брендови“

rnКако продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?rnrnПовеќето од нас лесно можат да препознаат облека направена од големи и скапи модни брендови. Ова е познато како препознавање на брендови и значи дека луѓето можат да го препознаат брендот преку лого, слоган, боја и слично. Многу брендови за облека го употребуваат ова во нивна корист. Прават парчиња што изгледаат како да се од некој познат бренд, а се многу поевтини. На овој начин потрошувачите го купуваат парчето бидејќи го препознале и мислат дека „заштедиле“ пари.rn

3. Облеката и додатоците се покажани во сетови и групи

rnКако продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?rnrnРетко ќе најдете кукла со само едно парче облека на неа. За продавниците е важно да ви покажат како можете да ја комбинирате нивната облека. Ако на потрошувачот му се допаѓа нешто, најверојатно ќе купи уште нешто што одговара со тоа парче. Ако ви се допаѓаат некои панталони, тогаш ќе посакате да купите и палто што ќе одговара со нив.rn

4. Користат предмети за да ве забават

rnКако продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?rnrnПродавниците сакаат да поминете што е можно повеќе време во нив, па користат мали трикови за да ги забават нивните потрошувачи. Тие ги редат масите и закачалките на тој начин што не можете да ја поминете продавницата во права линија. На овој начин ќе се движите побавно.rn

5. Ви предлагаат да пробате уште нешто

rnКако продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?rnrnКога се упатувате кон соблекувалната, некој од продавачите може да ви понуди уште некое парче облека или додаток што би одговарало со тоа што сте го избрале, најчесто „само за проба“. Целта им е да го купите и предметот што ви го понудиле. Оваа техника е наречена „сугестивно продавање“.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn