rn
6. Парчињата што се на распродажба се поблиску до соблекувалните
rn
rnrnМногу продавници ги поставуваат парчињата што се на распродажба и пред влезот и на крајот од продавницата. На почетокот, ќе привлечат заинтересирани купувачи, кои потоа ќе ги разгледаат парчињата напред и ќе се упатат кон соблекувалната. Пред неа ќе најдат и други парчиња на распродажба. Поради попустите, најверојатно ќе земат уште нешто и од таму.rn
7. Облеката е направена малку вон сезона
rn
rnrnСте забележале ли колку брзо продавниците за облека ги менуваат нивните колекции? Тие додаваат нови парчиња што се „сегашен“ тренд речиси секоја недела. Материјалот што го користат е евтин и веројатно парчето нема да трае долго. Овој трик прави муштериите да се чувствуваат како да не ги следат модните трендови. Ова чувство може да биде непријатно и ги тера луѓето да бараат нова облека и додатоци секоја недела.rn
8. Користат мирис и музика за подобрување на расположението
rn
rnrnДали некогаш сте се запрашале зошто во продавниците за облека се чувствувате добро? Во нив има светли бои, цветен мирис и музика која ве потсетува на добри сеќавања и ве охрабрува. Користењето на правилната арома ја создава совршената атмосфера за купувачот и го тера да се чувствува „поврзано“ со брендот. Истражувањата покажале дека вистинската музика може да ги натера потрошувачите да останат подолго во продавницата.rn
9. Создаваат сјаен и впечатлив излог
rn
rnrnПовеќето продавници на излогот ставаат мал дел од нивните парчиња зад светкав прозорец. Светлите бои, добриот дизајн и светлото прават продавницата да изгледа луксузно. Бидејќи не можете да видите ништо преку излогот, кој пак ви изгледа примамливо, ќе сакате и да влезете во продавницата.rn
10. Дизајн во форма на прегратка
rn
rnrnЛуѓето ги привлекуваат кружни форми, па продавниците се секогаш подготвени да ве „прегрнат“. Продавниците се дизајнирани да изгледаат кружно и со позадина во форма на буквата U, а знаците низ продавницата се со кружна форма. Ова потсвесно ги потсетува луѓето на личност која ги отвора рацете за да им даде прегратка и ги кани во нивниот простор.rnrnПогледнете ги и правилата кои ќе ви помогнат кога купувате облека на попуст.
